10 одлични комедии „скроени“ за опуштање во празничната сезона

Остануваат само уште 2 недели до најубавите празнични денови. Возбудата полека расте, и покрај фактот што сите имавме исклучително лоша и тешка година исполнета со многу предизвици.

10-komedii-skroeni-za-praznicnata-sezona-01.jpg

Да се опуштиме и релаксираме со следните 10 одлични комедии обоени во празнични мотиви:

Get Santa

Откако ќе ја скрши санката и ќе го привлече вниманието на локалната полиција, Дедо Мраз бара помош од татко и син за да ги собере ирвасите со цел да се врати дома и да се осигури дека Божиќ не е уништен.

Dr. Seuss‘ The Grinch

Гринч станува сè повеќе изнервиран од празничното расположение што царува во гратчето Хувил. Тој се здружува со своето куче за да го уништи празничниот дух.

A Very Harold & Kumar Christmas

Таткото на сопругата на Харолд му дава задача да внимава на новогодишната елка. Но, тој и неговиот поранешен цимер Кумар ненамерно ја уништуваат. Двајцата тргнуваат да најдат замена за оштетеното дрво.

A Bad Moms Christmas

Трите откачени мајки, Ејми, Кики и Карла, креваат бунт против предизвиците, очекувањата и притисокот што Божиќ го носи со себе.

Arthur Christmas

Кога необичниот син на Дедо Мраз, Артур, дознава дека поради техничка грешка едно мало девојче нема да добие подарок за Божиќ, тој тргнува на мисија да го достави самиот пред да биде предоцна.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 неодоливи филмови со кученца кои ќе ви го стопат срцето За малите крзнени суштества велиме дека се најдобриот пријател на човекот. Тие с...
10 топли филмови кои ќе ви ја вратат вербата и насмевката во овој предолг, сив јануари Сè уште го „ситниме“ јануари, а ова не е ниту последниов викенд од најдолгиот ме...
10 најдобри филмови со Сандра Булок – филмската миленичка на сите генерации Тешко е да се поверува дека Сандра Булок оваа година ќе го прослави својот 58-ми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg