Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10-те најлоши празнични филмови на сите времиња

Mixed Nuts (1994) - 10%

Ова е комедија со црн хумор направена според францускиот филм Le père Noël est une ordure, а повеќето коментари за филмот се дека е мизерен обид да се повтори генијалноста на француската верзија, но и дека ова е можеби најлошиот филм на Стив Мартин.

Дејството на филмот е сместено околу Божиќ, а главни ликови се луѓе кои работат на телефонска линија што им помага на суицидните луѓе.

Surviving Christmas (2004) - 7%

Иако Бен Афлек ја игра една од главните улоги, филмот не им се допадна ниту на критичарите, ниту на публиката.

Ликот на Бен Афлек е млад милионер кој не сака да биде сам за Божиќ, па му дава пари на едно семејство за да го поминат празникот со него.

Deck the Halls (2006) - 6%

Уште една празнична комедија што ги разочара речиси сите, и покрај добрата актерска екипа.

Стив Финч е личност која многу ги сака божиќните традиции, особено украсувањето. Еден ден во соседството се вселува ново семејство, кое Стив почнува да го гледа како конкуренција, особено откако ќе си ја украсат куќата многу подобро од нив.

Christmas with the Kranks (2004) - 5%

Филмот е направен според книгата Skipping Christmas на Џон Гришам, но повеќето сметаат дека е многу лоша адаптација.

Во филмот, маж и жена одлучуваат годинава да го прескокнат Божиќ, откако сфаќаат дека претходната година потрошиле многу пари за подароци и украсување.

Затоа го бојкотираат празникот и сакаат да ги искористат парите за нешто поважно.

The Nutcracker in 3D (2010) - 0%

Филмот е инспириран од познатата опера „Оревокршачка“ и можеби режисерот имал добра идеја, но крајниот резултат е многу лош.

Главниот лик во филмот е малата Мери, а дејството е сместено во Венеција, во 1920-ите. Мери се чувствува осамено, но нејзиниот чичко ѝ подарува играчка – оревокршачка – која навечер оживува и ѝ покажува цел нов свет.

А, ако сакате да изгледате нешто добро, погледнете и 10 одлични филмски приказни кои ќе ве „стават“ во новогодишно-божиќно расположение

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле Ако сакате да ја видите мрачната страна на Лондон во 1960-тите, изгледајте го La...
Амнезија, заменети бебиња: „Омилените“ клишеа од сапуниците со кои пораснавме „Кога одеднаш ќе се појави сестра или брат за кои никој не знаел. Уште полошо ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg