Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Само“ 10 најдобри филмови за 2020 година – што имате веќе изгледано?

Со сигурност ова може да го наречеме „сериозниот“ список на филмски остварувања од 2020 година, кои се најдоа во групата на најдобри филмови за годината која е речиси пред крајот.

Samo-10-najdobri-filmovi-za-2020-godina-01.jpg

И филмската индустрија како и сите останати во светот беше подеднакво погодена од пандемијата, но истрајна кога се работи како за квантитет, така и за квалитет.

Ова се само 10 од најдобрите филмови за 2020 година кои вреди да ги погледнете, доколку сте во потрага по добар, квалитетен, „издржан“, сериозен филм:

Tenet

Последното филмско остварување на Кристофер Нолан уште еднаш не ја разочара публиката. На таен агент му е даден единствен збор како превентивно „оружје“ и тој е испратен да го спречи започнувањето на Третата светска војна. Агентот патува низ времето предизвикувајќи ги законите на природата со цел да успее во својата мисија.

A Beautiful Day In The Neighbourhood

Работен според вистински настан, ова е топла, инспиративна приказна за едно пријателство. Лојд Вогел, циничен новинар, се запознава со љубезниот телевизиски водител Фред Роџерс, додека пишува статија за него. Со текот на времето, двајцата стануваат добри пријатели.

I’m Thinking of Ending Things

Снимен според истоимениот популарен роман, ова е приказната на Џејк, раскажана од перспективата на неговата девојка. Таа патува со него за време на празниците, во посета на неговите родители. Кога пристигнува кај нив, почнува да ги преиспитува сите аспекти од нивната врска.

Da 5 Bloods

Во најновото ремек-дело на култниот режисер Спајк Ли, четворица афроамерикански ветерани се борат против силите на човекот и природата кога ќе се вратат во Виетнам, во потрага по остатоците на нивниот паднат водач на четата и богатството што им помогнал да го скријат.

First Cow

Двајца патници, во бегство од група одмаздољубиви ловци во 1820-тите години на северозапад, сонуваат да се збогатат. Но, нивниот план се потпира на тајната употреба на една млечна крава на земјопоседник.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 филмови подолги од 3 часа на кои вреди да им дадете шанса Биографски драми, неколку филмови во режија на Мартин Скорсезе, но и научнофанта...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg