Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Во Titanic не можеше да се спаси и Џек - Лаги во кои веруваме поради филмовите

Шлемовите на викинзите немале рогови, патувањето со брзина на светлината е невозможно, а во Titanic, смртта на Џек беше непотребна - се чини дека од филмовите почнавме да веруваме во многу лаги.

vo-titanic-mozheshe-da-se-spasi-i-dzhek-lagi-vo-koi-veruvame-poradi-filmovite01.jpg

Сите знаеме дека филмовите се фикција – дури и оние кои се направени според вистински настани, имаат фиктивни елементи, додадени од разни причини. Бидејќи сите гледаме филмови, сите и учиме по нешто од нив, но многу работи што сме ги научиле на овој начин се всушност лага.

Затоа, погледнете кои се вистинските факти зад лагите од филмовите:

Шлемовите на викинзите немале рогови

Во скоро секој филм или серија, Викинзите се претставени како моќни воини чии шлемови имале рогови. За жал, ова не е вистина. Досега имаме пронајдено само еден шлем за кој може да се каже дека е викиншки. Шлемот е откриен во 1943-та во Норвешка, датира од 10-иот век и на него нема рогови.

vo-titanic-mozheshe-da-se-spasi-i-dzhek-lagi-vo-koi-veruvame-poradi-filmovite-02.jpg

Покахонтас и Џон Смит не се вљубиле еден во друг

Вистинското име на девојката која била инспирација за цртаниот филм Pocahontas e Матоака, а Покахонтас бил нејзиниот прекар. Истовремено, таа и Џон Смит сигурно не започнале врска – кога тој првпат отишол во Америка, Покахонтас имала само 12 години, а тој – 28. Според некои историчари, тие можеби станале добри пријатели, но во нивниот однос немало ништо романтично.

vo-titanic-mozheshe-da-se-spasi-i-dzhek-lagi-vo-koi-veruvame-poradi-filmovite-03.jpg

Вилијам Волас не си го офарбал лицето со сина боја

Едно од најпрепознатливите нешта во филмот Braveheart е обоеното лице на шкотскиот херој Вилијам Волас. За жал, овој детаљ не постоел во реалноста. Сината боја ја на лицето ја користел народ кој потекнува од Келтите, и тоа неколку векови пред настаните во Braveheart.

vo-titanic-mozheshe-da-se-spasi-i-dzhek-lagi-vo-koi-veruvame-poradi-filmovite-04.jpg

Патувањето со брзина на светлината е невозможно

Во многу научно-фантастични филмови хероите патуваат со брзината на светлината, па други и побрзо од тоа. Но, според Ајнштајновата теорија на релативност, законите на физиката не го дозволуваат ова. Според Ајнштајн, возможно е да ѝ се приближите на брзината на светлината, но никогаш да ја стигнете или да ја надминете.

vo-titanic-mozheshe-da-se-spasi-i-dzhek-lagi-vo-koi-veruvame-poradi-filmovite-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
10 филмови кои ќе „ви прават друштво“ кога се чувствувате осамено The Martian, Her, Cast Away – постојат бројни филови каде што главните ликови се...
Заврши снимањето на краткиот филм „Време на заедништво“ со Јасна Ѓуричиќ во една од улогитe Заврши снимањето на краткометражниот филм „Време на заедништво“, во режија на Ра...
10 филмови подолги од 3 часа на кои вреди да им дадете шанса Биографски драми, неколку филмови во режија на Мартин Скорсезе, но и научнофанта...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg