„Ќе ми недостасува да претепувам помлади од мене“ – Лиам Нисон се пензионира од акциони филмови

Можете ли да замислите крај на ерата на акциони филмови во кои главниот херој е омилениот Лиам Нисон? Годините на актерот не му дозволуваат да продолжи со вакви улоги, иако признава дека ќе му недостасуваат сцени во кои „претепува“ двапати помлади актери од него.

kje-mi-nedostasuva-da-pretepuvam-pomladi-od-mene-liam-nison-se-penzionira-od-akcioni-filmovi-01.jpg

Актерот вели дека годините не му дозволуваат да продолжи со снимање на акции, а по завршувањето на неколку планирани, веројатно ќе се пензионира.

„Имам 68-ипол години – 69 ќе наполнам оваа година. Има уште неколку филмови што ќе ги работам годинава – со надеж дека КОВИД ќе ни го овозможи тоа – има уште неколку што чекаат на ред, и потоа мислам дека тоа ќе биде тоа. Освен ако сум на помагало за движење или нешто...“ – изјави актерот во интервју за Entertainment Tonight.

kje-mi-nedostasuva-da-pretepuvam-pomladi-od-mene-liam-nison-se-penzionira-od-akcioni-filmovi-06.jpg

Неговите фанови веднаш го препознаваат неговиот глас во филмските сцени, а тој најчесто игра улога на човеч што се бори против лошите момци, ментор, тренер, фигура на татко и херој од реалноста. Нисон е познат и по тоа што многу каскадерски сцени во акционите филмови ги изведува сам.

kje-mi-nedostasuva-da-pretepuvam-pomladi-od-mene-liam-nison-se-penzionira-od-akcioni-filmovi-04.jpg

Во неговата долгогодишна кариера која започна од '70-ите години, тој има една номинација за Оскар, три за Златен Глобус и една за БАФТА, а има добиено бројни награди во индустријата.

За филмската публика е познат по улогите во Schindler's List, трите дела на Taken, The Next Three Days, The Commuter, Non-Stop и уште многу други.

kje-mi-nedostasuva-da-pretepuvam-pomladi-od-mene-liam-nison-se-penzionira-od-akcioni-filmovi-02.jpg

Иако според неговата изјава, годините веќе не му дозволуваат да игра во акциони филмови, сепак открива дека ќе му недостасува „претепувањето“ на помлади актери од него во филмски сцени.

„Само што завршив со снимање во Австралија и имав сцена со тепање со дете – прекрасен актер кој се вика Тејлор. На средина од тепачката сцена, погледнав нагоре, веќе губев здив, а тој ни да трепне. Му реков, Тејлор, колку години имаш? Тој рече – 25. Му одговорив – Толку години има мојот најстар син...“ – открива тој.

kje-mi-nedostasuva-da-pretepuvam-pomladi-od-mene-liam-nison-se-penzionira-od-akcioni-filmovi-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 хорор филмови кои ги променија правилата и освоија Оскар Оскарите се најпрестижната филмска награда која најчесто завршува кај „сериозни“...
Што мислат познатите личности за филмовите направени според нивните животи? Додека Џулијан Асанж отворено го критикуваше The Fifth Estate, Стивен Хокинг зап...
Фото-споредба: Актерите од божиќниот филм Love Actually - некогаш и денес Светкави улички, накитени елки, декорирани домови и љубов која зрачи насекаде на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg