Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Величествениот султан“ и уште 10 турски серии кои последната деценија ја обележаа нашата ТВ програма

Турските „теленовели“ веќе цела деценија непрекинато се емитуваат на речиси секој македонски канал.

Velichestveniot-sultan-i-ushte-10-turski-serii-koi-poslednata-decenija-ja-obelezhaa-nashata-televiziska-programa 01 630x330.jpg

Веројатно и тешко дека постои некој кој досега не изгледал барем една турска серија.

Карактеристично за нив, освен навидум „идентичната“ содржина е тоа што уште од самиот почеток тие се синхронизирани на македонски јазик, па ја немавме онаа привилегија како кај латиноамериканските - да научиме дел од овој прекрасно кроен јазик.

Секако, постојат луѓе со поделени размислувања.

Едните сметаат дека овие серии предолго се зарджаа на ТВ екраните и дека нивната монотона содржина веќе одамна престана да биде привлечна, а пак нивните љубители велат дека од нив сепак може да се доближиме до една поинаква култура и начин на живеење.

Во продолжение ги издвојуваме 11-те најгледани турски серии во последната деценија и воедно нивните тематски песни:

1. „Илјада и една ноќ“

Серија инспирирана од истоимената книга од средновековната, средноисточна епска литература.

Во главните улоги ги гледавме Халит Ергенч како Онур, Бергузар Корел како Шехерезад и малиот Ефе Чунар во улогата на Каан.

Интересен факт за гледачите на „Илјада и една ноќ“ беше тоа што главните улоги и во приватниот живот беа и сѐ уште се заедно.

Серија за којашто се крена навистина голема прашина, со оглед на тоа што беше првата турска „сапуница“ емитувана кај нас.

;

Velichestveniot-sultan-i-ushte-10-turski-serii-koi-poslednata-decenija-ja-obelezhaa-nashata-televiziska-programa 01 630x349.jpg

2. „Кога лисјата паѓаат“

Дефинитивно една од најгледаните турски серии на нашето тло, која се емитуваше на телевизијата Сител, во 2011 година.

Повторно, сценариото е преземено од истоимениот роман од 1930 година.

Приказна за семејството „Текин“, кое го негува патријахалниот начин на воспитување и чии животни успеси и падови ги гледавме низ цели 5 сезони, односно вкупно 678 епизоди.

Особено внимание привлекоа стариот и добродушен Али Риза (Халил Ерѓун), итрата Ферхунде (Дениз Чакар) и убавицата Неџла (Фахрие Евџен), која подоцна стана една од најпопуларните турски актерки.

;

Velichestveniot-sultan-i-ushte-10-turski-serii-koi-poslednata-decenija-ja-obelezhaa-nashata-televiziska-programa 02 630x473.jpg

3. „Бурни времиња“

Приказната за капетанот Али (Еркан Петекаја), љубовницата Каролин (Вилма Елес) неговата сопруга Џемиле (Ајџа Бингол) и четирите деца за брзо време успеа да го привлече вниманието на гледачите.

Се смета дека сценариото е инспирирано од вистинска приказна која навистина ги воодушеви љубителите на ваков тип на серии.

Оваа серија се емитуваше на телевизијата Сител во 2012 година.

;

Velichestveniot-sultan-i-ushte-10-turski-serii-koi-poslednata-decenija-ja-obelezhaa-nashata-televiziska-programa 04 630x354.jpg

4. „Ифет“

Оваа неверојатна приказна ја обелодени вистинската љубов, во сите нејзини облици. Таа е полна со страст, но и со многу горчина.

Младата Ифет (Дениз Чакир) се вљубува во Џемил (Ибрахим Челикол) кој е луд по неа, но самиот почеток за брзо добива пресвртлив тек и со тоа самото сиже се испреплетува со многу одмазда.

Оваа турска серија кај нас се емитуваше на телевизијата Канал 5 во 2012 година.

;

Velichestveniot-sultan-i-ushte-10-turski-serii-koi-poslednata-decenija-ja-obelezhaa-nashata-televiziska-programa 05 630x420.jpg

5. „Езел“

Серијата „Езел“ беше нешто сосема ново за гледачите пред ТВ екраните.

Една од главните улоги ја зазема Омер (Кенан Имирзалиоглу), младо момче целосно посветено на своето семејство, тројцата „најдобри“ пријатели и љубовта на неговиот живот, младата Ејшан (Џансу Дере).

Пакосниот план којшто му го приредуваат неговите најблиски, вклучувајќи ја и неговата сакана е тотална пресвртница за животот на Омер.

Откако се враќа од „дното“, Омер решава да започне со својата одмазда. 

Velichestveniot-sultan-i-ushte-10-turski-serii-koi-poslednata-decenija-ja-obelezhaa-nashata-televiziska-programa 06 630x354.jpg

6. „Притаени страсти“

Мистична и незаборавна љубовна приказна која ги поврзува тајните и лагите, неверството и силната желба за одмазда.

Серијата е адаптација на романот на турскиот автор Халит Зија Ушаклигил.

За трагичниот крај на оваа серија допринесоа главните актери: извонредната Бихтер (Берен Саат) и неодоливиот Бехлул (Киванч Татлитуг).

;

Velichestveniot-sultan-i-ushte-10-turski-serii-koi-poslednata-decenija-ja-obelezhaa-nashata-televiziska-programa 07 630x630.jpg

7. „Долина на волците“

Серијата „Долина на волците“, освен кај нас, беше една од најпопуларните серии на целиот Балкан.

Приказната се врти околу добропознатиот Полат Алендар (Неџати Шашмаз), кој се приклучува на турската мафија како таен агент.

Оваа серија брои вкупно 97 епизоди и е прогласена за најуспешна ТВ серија во Турција.

;

Velichestveniot-sultan-i-ushte-10-turski-serii-koi-poslednata-decenija-ja-obelezhaa-nashata-televiziska-programa 08 630x333.jpg

8. „Величествениот султан“

Серијата „Величествениот султан“ е една од најгледаните турски серии досега.

Серијата базирана на животот на Величествениот Султан Сулејман (Сулејман I), Султанот со најдолго владеење и неговата сопруга Хурем, која од робинка станала Султанка и негова кралица.

Во епизодите живописно е преточено владеењето на Султан Сулејман и сите политички, како и љубовни интриги и борби за посакуваниот престол.

За оваа серија, која кај нас започна да се емитува во 2012-та година е потврдено дека ја гледале повеќе од 200 000 луѓе.

;

Velichestveniot-sultan-i-ushte-10-turski-serii-koi-poslednata-decenija-ja-obelezhaa-nashata-televiziska-programa 09 630x341.jpg

9. „Украден живот“

Типична испреплетена приказна, со одлични примеси на хумор и сатира. 

Во главните улоги се дијаметрално спротивните сестри Бахар (Езги Асароглу) и Ефсун (Џерен Морај. Нивното семејството крие една голема тајна којашто полека почнува да се разоткрива.

https://www.youtube.com/watch?v=62_Gmn9w4eo 

Velichestveniot-sultan-i-ushte-10-turski-serii-koi-poslednata-decenija-ja-obelezhaa-nashata-televiziska-programa 10 630x363.jpg

10. „Црна љубов“

Несекојдневна, модерна серија која вирално го привлече вниманието на гледачите пред ТВ екраните.

Навидум, станува збор за стереотипна љубовна приказна која со понатамошните случувања се претвора во нешто сосема неочекувано.

Одличната актерска екипа ја сочинуваат: Бурак Озчивит како Кемал, Неслихан Атагул Догулу како Нихан и Кан Урганџиоглу во улогата на неодоливиот негативец Емир

;

Velichestveniot-sultan-i-ushte-10-turski-serii-koi-poslednata-decenija-ja-obelezhaa-nashata-televiziska-programa 11 630x630.jpg

11. „Вљубениот ерген“

„Вљубениот ерген“ е турска комедија снимена од 2015 до 2017 година.

Покрај динамичното сценарио, за оваа серија особено „се крена прашина“ поради Омер (Бариш Ардуч), кој е еден од главните ликови.

Романсата на Омер и Дефне (Елчин Сангу) целосно ги освои симпатиите на публиката.

;

Velichestveniot-sultan-i-ushte-10-turski-serii-koi-poslednata-decenija-ja-obelezhaa-nashata-televiziska-programa 12 630x331.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 неодоливи филмови со кученца кои ќе ви го стопат срцето За малите крзнени суштества велиме дека се најдобриот пријател на човекот. Тие с...
10 најдобри крими серии на сите времиња совршени за непрекинат, филмски маратон Идеалното време за маратонско гледање на серии без никаква грижа на совест допрв...
10 топли филмови кои ќе ви ја вратат вербата и насмевката во овој предолг, сив јануари Сè уште го „ситниме“ јануари, а ова не е ниту последниов викенд од најдолгиот ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg