Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 одлични серии на Нетфликс снимени според книги

Доколку сценаристите или режисерите немаат свежи идеи за нови серии, книгите се секогаш одлична „подлога“ за екранизирање на истите. Последниот хит на Нетфликс е серијата Firefly Lane работена според истоимениот роман на Кристин Хана.

5-odlicni-serii-na-Netflix-spored-knigi-01.jpg

Кои други 4 серии во продукција на Нетфликс работени според книги не смеете да ги пропуштите?

Firefly Lane

Работена според Firefly Lane од Kristin Hannah или на македонски Улицата на светулките од Кристин Хана, оваа емотивна серија ги следи животите на двете најдобри пријателки Кејт и Тали.

Кејт е срамежлива, повлечена и го крие целиот свој потенцијал. Тали е дива, непредвидлива, бестрашна, но крие неверојатна тајна во себеси.

Двете сосема различни девојки ќе формираат длабоко и искрено пријателство низ годините.

Alias Grace

Работена според новелата на Маргарет Атвуд (авторката на The Handmaid’s Tale или на македонски Приказната на робинката), ова е уште една екранизирана, напната серија која ќе ви го задржи вниманието.

Грејс Маркс е осудена за бруталното убиство на својот работодавец и на неговата домаќинка.

Одлежувајќи ја доживотната казна, таа тврди дека целосно го загубила сеќавањето и дека нема спомени од тој ден. Но, дали Грејс е навистина невина?

5-odlicni-serii-na-Netflix-spored-knigi (4).jpg

You

Работена според трилерот на Керолајн Кепнес, YOU го следи животот на Џо, безнадежен романтичар за кого љубовта е лек, но и најголем отров.

Она што започнува како безопасен флерт и симпатија се претвора во вистински опсесивен кошмар.

5-odlicni-serii-na-Netflix-spored-knigi (3).jpg

Ratched

Главниот лик во серијата, медицинската сестра Речед, e инспириран од книгата Оne flew over the Cuckoo’s nest или Лет над кукавичјото гнездо на авторот Кен Кисеј. 

Младата сестра која работи во институција со пациенти со нарушено ментално здравје е можеби најголемиот кошмар со кој се соочуваат тие.

5-odlicni-serii-na-Netflix-spored-knigi (2).jpg

Young Wallander

Серијата го прикажува животот на „тазе“ дипломираниот полицаец Курт Валандер во современа Шведска.

Ова е главниот лик кој се појавува во серија книги на популарниот автор Хенинг Манкел, а серијата е практично „колаж“ од неколку различни приказни со Курт во центарот на вниманието.

5-odlicni-serii-na-Netflix-spored-knigi (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 неодоливи филмови со кученца кои ќе ви го стопат срцето За малите крзнени суштества велиме дека се најдобриот пријател на човекот. Тие с...
10 филмови со силни жени во главните улоги кои ќе ве мотивираат да постигнете повеќе Секогаш сме во потрага по инспирација, нели? Доколку чувствувате како ви недости...
10 топли филмови кои ќе ви ја вратат вербата и насмевката во овој предолг, сив јануари Сè уште го „ситниме“ јануари, а ова не е ниту последниов викенд од најдолгиот ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg