Филмот „Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски од денес се прикажува во Кинотека во Скопје

Скопје, 12. февруари 2021 година: Играниот филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски од денеска до вторник ќе се прикажува на репертоарот на Кинотека во Скопје.

filmot-dedo-i-vnuk-na-ilija-piperkoski-od-denes-se-prikazhuva-vo-kinoteka-vo-skopje-01.jpg

Вечерва и во понеделник, гледачите ќе можат да го погледнат филмот во терминот од 20:00, а во сабота и вторник од 18:00 часот.

Филмот ја раскажува приказната за настаните поврзани со смртта на еден млад пациент, по која младиот доктор Никола се обидува да направи ред во својот живот и оди на посета кај неговиот дедо. Последен пат бил кај него пред 10 години. Ова е филм за конфликт на генерации, со контраст на морални вредности, моменти за втора шанса.

Пиперкоски за „Дедо и Внук“ освои бројни награди на меѓународни фестивали, меѓу кои и наградата во категоријата „Најдобар филм“ на Интернационалниот Филмски Фестивал во Париз, за најдобра режија на The Buddha International Film Festival, а доби и две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) од 4-th Dimension Independent Film Festival и уште една награда на TIFF -Tagore International Film Festival во категоријата играни филмови.

filmot-dedo-i-vnuk-na-ilija-piperkoski-od-denes-se-prikazhuva-vo-kinoteka-vo-skopje-02.jpg

Во филмот играат: Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери, меѓу кои се истакна и тогаш 12-годишниот охриѓанец Наум Цветкоски. Продуцент е Огнен Антов од „Дрим фактори“, во соработка со: „Пандорас бокс продукција“ и „Елиен филм“, и е финансиски помогнат од Агенцијата за филм. Директор на фотографија е Романецот Патру Паунеску, сценографијата е на Владимир Зафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, композитор Оливер Тевчев, а монтажата ја направи Данчо Стефков.

filmot-dedo-i-vnuk-na-ilija-piperkoski-od-denes-se-prikazhuva-vo-kinoteka-vo-skopje-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Ен Хатавеј, Хит Леџер – познати актери кои добија Оскар за само неколку минути глума во филмот Ен Хатавеј освои Оскар за најдобра женска споредна улога со изведбата во Les Mis...
„Го гледав филмот Тома - ремек дело, емоција, не можам да се соземам, уште гуглам за него“ Совршен филм на кој сум плачела како никогаш досега – зошто не можам да престана...
Најтажната сцена на која сите плачат во „Тома“ е измислена и уште 5 невистини прикажани во филмот Песната „За Љиљану“ е посветена на позната српска актерка, а менаџерот Дрда не п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg