Cult Shorts - нов вид филмски фестивал и нова платформа за кратки филмови

Cult Shorts e нов вид филмски фестивал, инспириран од потребата за инвентивен пристап во дистрибуцијата на кратките филмови.

cult-shorts-nov-vid-filmski-festival-i-nova-platforma-za-kratki-filmovi-01.jpg

Филмаџиите вложуваат многу љубов и напорна работа во своите проекти и заслужуваат повеќе од една сезона на фестивалски проекции. Живееме во време кога бројот на одлични кратки филмови расте секоја година, сепак, овие филмови се борат повеќе од било кога да допрат до публика. Големиот број на филмови доставени на големите филмски фестивали и ограничените слотови за програмирање значат дека многу одлични филмови никогаш нема да ја видат светлината на денот.

Од друга страна, онлајн премиерата овозможува потенцијален достап до милионска публика, но многу филмски автори во нашиот дел од Европа, сеуште не се свесни колку важна е дистрибуцијата пред широката публика и по неколку прикажувања во кино салони, често нивните кратки филмови остануваат заборавени во некоја папка на десктопот. Ние ја создадовме платформата токму со цел да ги собереме сите тие прекрасни филмови и да им дадеме постојан достап до публика.

Но нашата концепција не завршува овде. Од лично искуство со нашите краткометражни филмови кои имаа голема гледаност онлајн, се инспириравме да ја создадеме награда за CULT SHORT OF THE YEAR со која ќе биде награден најгледаниот филм на нашата платформа, а сите 35 финалисти, ќе бидат поканети на физичкото издание на фестивалот во Делчево.

За нас краткиот филм не е само неизбежен чекор кон полнометражен, туку неверојатна форма на кино расказ што заслужува да се цени сама по себе, затоа што тој е вистински инкубатор на идеи, и благодарение токму на кратката форма, дава можност за одлично експериментирање со наратив и стил.

Како филмаџии, ние силно веруваме во влијанието на независното кино. Ние веруваме дека филмовите можат да нè научат едни за други, веруваме дека киното ќе го направи светот подобро место. Но, за да го сториме тоа, независниот филм треба да може да допре до повеќе луѓе.

Додека авторскиот филм сè уште може да стигне до кината во поголемите градови преку утврдените филмски фестивали, ситуацијата во многу мали градови низ Европа е дека кино-културата целосно умира. Со тоа што кината стануваат составен дел од трговските центри каде што се прикажуваат скоро исклучиво блокбастер американски филмови, старите кина и културата што ја носеа порано, сега тонат во распаѓање и заборав. Во Македонија денес само постарите луѓе со носталгија се сеќаваат на воздишките во кино-салонот, додека младите генерации дури не го познаваат чувството да гледаат филм на големото платно.

Повеќе за CULT SHORTS можете да дознаете на: веб-сајтот, YouTube, Vimeo, Инстаграм и Фејсбук.

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 заплеткани филмови кои ќе ве натераат да размислувате Веќе култниот Blade Runner на Ридли Скот, но и уникатниот Stalker на рускиот реж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg