5 Netflix серии кои моментално се хит и ќе ви го пополнат времето при полициски час

За овие серии треба да имате само едно меко ќебенце, вкусни грицки и нешто за пиење при рака, бидејќи се гледаат маратонски.

5-netflix-serii-koi-momentalno-se-hit-i-ke-vi-go-popolnat-vremeto-pri-policiski-chas-001.jpg

Идеални се за вечерите кои ги преседуваме дома за време на полициски час и ќе ви го пополнат времето кое не знаете како да го искористите.

Anne

Шармантна серија која се заснова на детска книга од 1908 година. Ќе ја изгледате приказната за Ана, која е дете со големо срце, има многу што да каже, иако имала детство како сираче. Никогаш не почувствувала љубов, но тоа не ја спречува да креира своја фантазија и да покажува неизмерна љубов кон светот.

Crime Scene: The Vanishing at the Cecil Hotel

Криминалистичка документарна серија која ја тематизира приказната за проколната локација, односно познат хотел во Лос Анџелес.

Ozark

Оваа серија го следи финансискиот советник кој се занимава со перење на пари и го одвојува своето семејство во предградие на Чикаго, како би го водел бизнисот со парите за мексички нарко-картел.

The Crown

Кога ја гледате најуспешната серија за кралското семејство, многу работи ви стануваат јасни. Поточно, станувате дел од комплицираното секојдневие. Секоја сезона делува како засебна целина, па ако ја почнете, бидете подготвени да не можете да се одлепите од телевизорот.

Behind Her Eyes

Трилер кој го бие глас дека има нереално добар крај. Серија која ветува заплети кои не ни можете да ги претпоставите – љубовни триаголници, пријателства, тајни врски...

M. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg