Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Новата верзија на Justice League + 9 нови, одлични филмови за сите што имаат добар вкус

Она што најмногу ја возбуди и заинтересира публиката изминатата недела е првично оригиналната замисла на режисерот Зек Снајдер за хероите на стриповите DC.

Novata-verzija-na-Justice-League-plus-9-novi-filmovi-01.jpg

Zack Snyder’s Justice League е апсолутно ремек-дело кое, иако трае 4 часа, нема да забележите кога поминале. 

За сите љубители на добрите филмови, имаме уште 9 одлични, нови предлози за вас:

Zack Snyder’s Justice League

Она што првично не му успеа на филмот кој излезе во 2017 година се надомести со успехот на втората (оригинално замислена) верзија на режисерот Зек Снајдер. Хероите на DC се здружуваат со цел да се борат против злото кое има цел да го уништи животот на земјата.

https://www.youtube.com/watch?v=vM-Bja2Gy04

Deadly Illusions

Мери Морисон е успешна авторка на популарен серијал на книги. Кога издавачката куќа ќе ѝ понуди да напише уште една, последна книга за да го заокружи серијалот, реалноста и фантазијата почнуваат да си поигруваат со неа.

Framing Britney Spears

Неверојатен документарен филм за животот на една од најголемите поп ѕвезди во историјата, Бритни Спирс. Луѓе коишто ѝ се блиски на Бритни повторно ја проценуваат нејзината феноменална кариера и бруталниот пад, бидејќи таа мора да се бори на суд со татко си кој го контролира нејзиниот живот.

The Vanished

Семејниот одмор добива застрашувачки пресврт кога еден пар открива дека нивната мала ќеркичка исчезнува без трага. Нивното очајна потрага на вистината ќе ги доведе до шокантно откритие.

The Vault (Way Down)

Том, генијален, дипломиран инженер е заинтересиран за сефот на банката на Шпанија. Зградата на банката е стара повеќе од 100 години, без достапни нацрти за безбедносниот систем што вклучува подземна река, што пак ќе ја преплави безбедната просторија доколку се пробијат sидовите.

https://www.youtube.com/watch?v=GbXPV-TnD_k

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ви дадат утеха кога минувате низ тежок период My Neighbor Totoro кој ќе ве врати во безгрижните детски денови или Amélie кој ќ...
10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
10 популарни серии кои (ќе) имаат нови сезони во 2025-та The White Lotus, The Handmaid"s Tale, Black Mirror – дел од најпопуларните серии...
Холивудски актери кои изгубиле милиони бидејќи одбиле улоги Можете ли да го замислите Вил Смит како Нео од The Matrix? А, Мет Дејмон во глав...
Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата? Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg