Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 филмови кои треба да треба да ги изгледате пред Оскарите 2021

93-тото издание на Оскарите годинава ќе се одржи на 26 април, а слично како и минатата година – ќе нема водител домаќин на манифестацијата.

10-filmovi-koi-treba-da-gi-izgledate-pred-Oskarite-01.jpg

Филмот кој има најмногу номинации (дури 10) е Mank и задолжително треба да се најде на вашиот список на изгледани филмови пред Оскарите… и уште кои други 9 филмови?

Mank

Холивуд во 1930-тите, виден и доживеан низ погледот и остроумната духовитост на Herman J. Mankiewicz, сценарист и алкохоличар кој е во трка со времето да го заврши ремек-делото „Граѓанинот Кејн“.

The Father

Постар човек одбива секаква помош од својата ќерка како што старее. Додека се обидува да ги разбере околностите што се менуваат, тој почнува да се сомнева во неговите најблиски, во сопствениот ум, па дури и во реалноста.

Judas and the Black Messiah

Со понудениот договор од страна на ФБИ, Вилијам О’Нил се инфилтрира во моќната партија „Црн пантер“ во Илиноис за да собере разузнавачки информации за претседателот Фред Хемптон.

Minari

Корејско семејство се сели на фарма во Арканзас во потрага по сопствениот американски сон.

Nomadland

Жена во седмата деценија од животот, која откако ќе изгуби сè во Големата рецесија, тргнува на пат низ американскиот запад, живеејќи како модерен номад во комбе.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Номинации за Оскари 2025: Прва номинација за Деми Мур Аријана Гранде ја заработи првата номинација за улогата во Wicked, а во истата к...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 филмови кои ќе ви дадат утеха кога минувате низ тежок период My Neighbor Totoro кој ќе ве врати во безгрижните детски денови или Amélie кој ќ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg