10 возбудливи серии на Нетфликс кои ќе ви го украдат сонот за продолжениот викенд

„Само една епизода… и исклучувам. Нема да изгледам повеќе од една“. Неколку часа по оваа изјава, сонцето изгрева, го дочекувате утрото, ненаспани, со подочници и со 7 изгледани епизоди од започнатата серија.

10-vozbudlivi-serii-na-Netflix-01.jpg

Се препознавте? Доколку сте од оние кои не може да сопрат со гледање на серии, овие 10 во издание на Нетфликс ќе ви го украдат сонот:

Everything Sucks

90-тите прикажани во мало, здодевно гратче во Орегон, каде што навистина нема што да се прави за забава. Средно училиште и типични тинејџерски проблеми поврзани со растењето и созревањето.

The Frankenstein Chronicles

Инспекторот Џон Марлот истражува низа злосторства во Лондон во 19 век кои можеби ги извршил научник со намера повторно да ги оживее мртвите.

Behind Her Eyes

Самохрана мајка се вплеткува во свет на мрачни игри кога започнува афера со нејзиниот шеф, додека истовремено тајно се спријателува со неговата мистериозна сопруга.

Unbelievable

Тинејџерка пријавува силување, а потоа ја повлекува својата приказна и навидум изгледа дека лаже. Две детективки се во потрага по докази што можат да ја откријат вистината.

Dead to Me

Тие неочекувано се спријателуваат. Вдовица која не може да се ослободи од болката и траумата поради губењето на сопругот и пријателката со слободен дух која крие мрачна тајна.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg