Fatma и уште 5 серии на Нетфликс кои одлично ќе ви го пополнат слободното време

Многу серии, но и многу слободно време. Најновата ТВ мини-серија со омилениот шпански актер Марио Касас веќе е достапна на Нетфликс, што значи дека е време да се подготвиме за одлична трилер-мистерија.

Fatma-i-uste-5-serii-na-Netflix-01.jpg

Фатма пак е најновата турска серија на Нетфликс, нималку слична на она што се прикажува на нашите домашни ТВ канали. Заборавете на сите стереотипи за турските серии, Фатма ќе ве изненади со заплетот, но и глумата.

Ова се нашите предлози за серии на Нетфликс кои одлично ќе ви го пополнат слободното време во текот на празниците:

Fatma

Фатма работи како хигиеничарка која одвај врзува крај со крај. Нејзиниот сопруг е исчезнат и никој не сака да ѝ даде информација каде е тој и дали е воопшто жив. Таа открива дека има талент да се извлече со убиство… затоа што луѓето постојано ја потценуваат, доживувајќи ја како уште една невидлива, „обична“ чистачка.

The Innocent

Едно случајно убиство ќе го однесе Матео низ темниот лавиринт на интриги и злосторства. Како што наоѓа љубов и слобода, доволен е еден телефонски повик кој повторно го враќа во кошмарот.

Shadow and Bone

Алина Старков е сирак која поседува извонредна моќ што може да ја смени судбината на нејзиниот мрачен свет разорен од војни и насилство.

Outer Banks

Тинејџер ги повикува своите тројца најдобри пријатели во лов на легендарно богатство поврзано со исчезнувањето на неговиот татко.

On My Block

Приказна за четворица интелигентни пријатели од улица кои учат во истото средно училиште и се обидуваат да се држат подалеку од неволји во опасните квартови на Лос Анџелес.

White Lines

Зои Вокер го остава својот тивок живот зад себе за да го истражи исчезнувањето на нејзиниот брат на Ибица, каде што бргу тргнува по декадентен и опасен пат.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg