Џенифер Анистон и Дејвид Швимер биле навистина вљубени во првата сезона – моменти што ги обожававме од ексклузивната средба на „Пријатели“ (фото)
-->
Невозможно е да ја изгледате специјалната епизода од Friends – The Reunion без солзи. После 17 години, Рејчел, Рос, Фиби, Џои, Чендлер и Моника повторно седнаа во омилената дневна соба, евоцирајќи спомени од најпопуларната, комична ТВ серија на сите времиња – Friends.
Трејлерот најави дел од моментите во специјалната епизода, но она што го видовме во текот на 90-те минути нè остави без зборови, со многу солзи и емоции.
-->
https://www.youtube.com/watch?v=HRXVQ77ehRQ
Кои беа најдобрите моменти од ексклузивната епизода на Пријателите?
Пристигнувањето на актерите во студиото 24, каде што станот на Моника и кафулето Central Perk беа наместени идентично како во серијата
-->
-->
Оживувањето на популарниот квиз кој и овојпат го водеше Рос (Дејвид Швимер) за да го тестира знаењето на пријателите еден за друг (сè уште никој не ја погоди професијата на Чендлер)
-->
Интервјуто со секој од нив покрај култната фонтана од најавната шпица
Признанието дека Рејчел и Рос (Џенифер Анистон и Дејвид Швимер) биле вљубени еден во друг во текот на првата сезона
-->
Изведбата на култната „Smelly Cat“ на Фиби (Лиса Кудроу) во друштво на Лејди Гага, која беше облечена во стилот на Фиби од серијата
Читањето на најинтересните сцени од страна на актерите од денешна перспектива
Модната писта со некои од најинтересните костими од серијата, меѓу кои и Џои (Мет ЛеБланк) со сета облека од Чендлер на себеси
…и уште многу, многу други прекрасни моменти кои нè потсетија на магијата на „Пријатели“.
Дали ја гледавте специјалната епизода и какви се вашите импресии?
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Епизодата кога сите загубивме пријател“: Најзабавните моменти од „Friends“ со засекогаш омилениот Ч...
Забавната игра во која Чендлер и Џои го добиваат станот на Моника и Рејчел, но и...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа
Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак?
На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Гол презентер на сцената, паѓање на црвениот тепих: Забавни (и непријатни) моменти од Оскари 2024
Џон Сина се појави гол на сцената како презентер, Кирстен Данст се сопна на црве...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив
Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари
Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...