Предлог: 5 спектакуларни српски серии кои ќе ги изгледате во еден здив

21 век е дефинитивно наклонет на извонредната, српска кинематографија која во континуитет, не престанува да нѐ изненадува. 

Predlog-5-spektakularni-srpski-serii-koi-kje-gi-izgledate-vo-eden-zdiv 01 630x330.jpg

За разлика од своите скромни почетоци со видлив потенцијал, денес Србите можат гордо да се пофалат со широка палета на спектакуларни филмови и серии, погодни за сечиј вкус.

„Ко то тамо пева?“, „Кад порастем бичу кенгур“ или можеби феноменот „Јужни ветар“... Кој е вашиот омилен?!

Во продолжение за вас решивме да издвоиме 5 релативно нови, српски серии кои ќе ја заскокоткаат вашата љубопитност уште во првата епизода:

„Сенке над Балканом“, 2017

По убиството на свештеник во градот каде владее висока политика, локални интереси, пари, моќ и криминал, започнуваат немири.

Заплетот се одвива во текот на 1930-тите во Белград и ја отсликува целата слава и сите лоши страни на животот во Европа за време на транзицијата.

Извонреден акционен трилер серијал полн со убиства, декаденција, страст и мрачни мотиви.

Покрај извонредниот Драган Бјелогрлиќ, во оваа серија го гледаме нашиот маестрален Тони Михајловски.

„Државни службеник“, 2018

„Државниот службеник“ e серија која се осмели да ја претстави работата на српската тајна служба во околностите на моменталната геополитичка состојба.

Интригантната тема, заедно со феноменалната екипа, одличното сценарио и режија, доведоа до фактот дека серијата „Државен службеник“ е една од најозборуваните серии на овие простори.

„Жигосани у рекету“, 2018

Серијата „Жигосани у рекету“ зборува за двајца некогаш неразделни пријатели и соиграчи во познат кошаркарски клуб, кој денес е пред колапс, и кој ќе ги обедини двајцата во обид да го „кренат од пепел“.

Приказната е посветена на надежта за втора шанса, како во областа на спортските резултати, така и во областа на интимните односи.

Гледачите ќе се сретнат со успешен кошаркарски менаџер кој го изгубил срцето, врвен тренер кој го изгубил семејството, галерист кој ја изгубил љубовта, уредник на весник кој го изгубил моралот, професор по литература кој го изгубил бракот, талентиран кошаркар кој изгубил доверба, млада виолончелистка која го изгубила компасот за живот...

Во секој случај, разноврсна серија со која вреди да го потполните вашето слободно време.

„Беса“, 2018

На што и колку сме подготвени да направиме за да го заштитиме своето семејство?!

Потресна и возбудлива приказна за тешката борба на човекот со совеста и желбата да го заштити своето семејство, за моралните дилеми и неверојатниот пресврт кога еден обичен и мирен живот ќе се претвори во сурова борба за опстанок и спасение на душата.

Српска серија со неверојатна приказна, фасцинантна глума и заплети кои ќе ве остават без сон.

„Једини излаз“, 2021

Станува збор за популарниот психолошки филм „Једини излаз“, кој е проширен во сериски формат од 10 епизоди, со заплет кој сѐ повеќе се заплеткува.

Особено интересна е главната женска улога, препознатливната Анџелка Прпиќ, која публиката претежно ја гледаше во комедии.

Шармот во овој филм е во заплетите кои навидум никогаш не можат да се решат и воедно ќе ве држат будни постојано.

Во филмот, односно серијата за која годинава се крена најголема прашина имаме можност да ги видиме нашите извонредни актери, Никола Ристановски и Тони Михајловски.

Подгответе ги вашите пуканки и започнете ја возбудливата, психолошка прошетка.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg