Сите зборуваат за новата серија на Кејт Винслет – Mare Of Easttown + 5 други возбудливи и напнати серии од истиот жанр

Славната актерка отворено и храбро изјави дека не сака дигитално да ѝ се намалува стомакот во текот на секс сцените во најновата серија Mare Of Easttown. Кејт Винслет ги живее своите ѕвездени моменти со најновата лимитирана ТВ серија во продукција на HBO, а ја толкува улогата на Меир Шиан, детективка која го истражува локалното убиство на млада девојка.

Site-zboruvaat-za-novata-serija-so-Kejt-Vinslet-plus-5-drugi-01.jpg

Серијата во моментот има рејтинг од 8.6 на Imdb, а критичарите како и гледачите не престануваат со низата пофалби на сметка на брилијантната изведба на Кејт, како и комплексно изградените ликови и сценариото.

Доколку сте расположени за напнати и возбудливи ТВ серии со заплеткани дејствија и комплексни ликови, ги имаме следните предлози за вас:

Mare Of Easttown

https://www.youtube.com/watch?v=bm7RmpzCeyk

The Fall

Интелигентна, навидум ладнокрвна детективка, но полна со страст и ентузијазам за работата, се соочува со опасен сериски убиец надвор од Белфаст. Единственото нешто што го делат е нивната комплексност.

The Killing

Полициската истрага, сагата за едно семејство обвиено во тага и кампањата за градоначалник на Сиетл се меѓусебно поврзани откако телото на 17-годишната Роузи Ларсен е пронајдено во багажникот на потопен автомобил.

The Night Of

Назир Кан е младо момче кое ѝ дава превоз на мистериозна, млада жена со која продолжува на забава кај неговиот пријател. Кога таа е пронајдена мртва, тој е првоосомничениот и мора да ја докаже својата невиност.

Sharp Objects

Новинарката Камил Прикер се враќа во нејзиниот роден град за да го истражува убиството на две млади девојки. Таа е принудена да се соочи со минатото и да се справи со сопствените демони.

https://www.youtube.com/watch?v=DgljcMqPG98&ab_channel=HBO

The Sinner

Зошто навидум обичните и нормалните луѓе се вмешани во низа брутални и бизарни криминални дејствија? Детективот Хари Емброус е во центарот на овие случувања, во обидот да ги пронајде вистинските злосторници.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg