10 романтични комедии за одлично викенд расположение

Романтичните комедии се комбинација на два испреплетени светови во кои главна улога играат љубовта и смеата.

10-romantichni-komedii-za-odlichno-vikend-raspolozhenie 01 630x330.jpg

Овие филмови се дизајнирани да бидат поттикнувачи на расположението и честопати изобилуваат со незаборавни ликови и „спонтани“ случувања кои за волја на вистината, би ги погледнале дури неколкупати.

Па, доколку сте расположени за опуштена, романтична приказна, во продолжение за вас издвојуваме 10 романтични комедии со кои на вистински начин ќе го подигнете вашето викенд-расположение:

Love, Actually, 2003

Филмот Love, Actually всушност е класифициран како празничен филм, а сепак спаѓа во една од најдобрите романтични комедии, гледани во текот на целата година.

Дејствијата во кои можеме да видиме неколку познати, британски актери како Кира Најтли и Хју Грант, се одвиваат во Лондон и всушност паралелизираат 10 различни приказни, за различни индивидуи и нивните љубовни животи.

Rumor Has It, 2005

Џенифер Анистон важи за кралица на романтичните комедии од 2000-ите години, па сѐ до ден-денес.

Овојпат ја среќаваме во улогата на Сара, писателка од Њујорк, која патува во својот дом во Калифорнија на венчавката на нејзината помала сестра.

Во својот дом таа дознава информации за нејзината баба, кои доведуват до прашањето кој всушност е нејзиниот вистински татко.

He’s Just Not That into You, 2009

Шест комплицирани луѓе со уште покомплицирани емоции треба да научат како да управуваат со своите односи, стари или пак нови.

Некои бракови ќе се распаднат, некои штотуку ќе настанат, старите навики ќе исчезнат и ќе се појават нови.

Едно е сигурно: ако не те побарал, ако не спие со тебе, ако е оженет со друга - голема е  веројатноста дека навистина не му е грижа.

Just Go With It, 2011

Пластичниот хирург (Адам Сендлер) со сосема „просечен“ живот се преправа дека е оженет за да може да ужива во идните состаноци, без никакви дополнителни обврски и приврзувања.

Неговата мрежа на лаги функционира, сѐ додека не ја сретне девојката од неговите соништа, која всушност ќе ги помати неговите планови.

Неговата асистентка, извонредната Џенифер Анистон решава да му помогне, претставувајќи се како негова поранешна сопруга, но работите комично излегуваат од контрола.

Crazy, Stupid, Love, 2011

Кал Вивер има четириесет години и го живее својот сон - тој има добра работа, убава куќа, одлични деца и брак со неговата средношколска, единствена љубов.

Неговиот „совршен“ живот брзо се распаѓа кога тој дознава дека сопругата го изневерува.

По низа случајности тој запаѓа во рацете на младиот Џејкоб, кој ќе стори сѐ за да го трансформира неговиот нов пријател.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg