Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 романтични комедии за одлично викенд расположение

This Means War, 2012

Урнебесна комедија која ќе ве воодушеви!

Станува збор за двајца агенти на ЦИА кои водат битка еден против друг, и сето тоа поради убавата русокоса во која и двајцата се вљубуваат.

Меѓу нив одеднаш започнува борба со неизвесност до самиот крај.

The Other Woman, 2014

Дознавајќи дека нејзиниот љубовен партнер е оженет, повредената Карли, во улога на Камерон Дијаз се обидува да ја врати контролата врз нејзиниот живот.

Но, кога случајно ќе се сретне со неговата сопруга, тие сфаќаат дека всушност имаат многу заеднички нешта.

Кога ќе откријат уште една од девојките на заедничкиот „непријател“, трите жени се здружуваат и смислуваат начини за што послатко да ја „сервираат“ нивната одмазда.

How to Be Single, 2016

Случаен секс, состаноци на „слепо“, запливување во брачните води и дополнително нафрлени обврски. Ова најдобро го разбираат оние „соло“ играчи.

Некаде помеѓу сите специфичности кои ги наложува слободниот живот, заедничка е потребата на функционирање во свет каде љубовта „мора“ да се има.

Set It Up, 2018

Приказна која следи двајца асистенти од Њујорк, Харпер и Чарли кои речиси и да немаат никаков сопствен живот поради нивните екстремно „напорни“ шефови.

Но, работите почнуваат да се менуваат со пронаоѓањето на вистинското решение за целата ситуација - нивните шефови се вљубуваат, па така грото тензии полека почнуваат да стивнуваат.

Palm Springs, 2020

Филмот кој го сруши рекордот за најголема продажба во историјата на филмскиот фестивал Sundance.

Кога безгрижниот Најлс и неподготвената кума Сара ќе се сретнат на свадба во Палм Спрингс, работите се комплицираат затоа што покрај сите напори тие не можат да избегаат еден од друг.

Динамична, љубовно-комична приказна во која сосема ќе уживате.

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Холивудски актери кои изгубиле милиони бидејќи одбиле улоги Можете ли да го замислите Вил Смит како Нео од The Matrix? А, Мет Дејмон во глав...
10 одлични филмови каде главниот лик е негативец Joker е најпопуларниот филм со негативец во главната улога, додека There Will Be...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 филмови со кучиња кои можете да ги гледате и со вашите деца Љубовта кон животните е посебна, а кучето, како најдобар пријател на човекот, мо...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg