Филмски времеплов – најдобрите филмови од ’96-та кои слават 25 години, што имате изгледано?

Многупати сме ја слушнале констатацијата дека не се прават филмови како порано. Тоа дефинитивно е точно.

Filmski-vremeplov-najdobrite-filmovi-od-1996-ta-01.jpg

1996-тата година е една од најуспешните во филмската кинематографија. Дополнително, овие блок бастери полнат 25 години, односно слават четвртина век постоење. Фасцинантно, нели?

Тука се филмовите како Англискиот пациент, Џери Мегвајер, Од самрак до зори… и уште кои други? Време е за мал филмски времеплов.

Доколку сте носталгични и сакате да погледнете нешто старо, а добро, имаме одлични 10 предлози за вас:

The English Patient

Хана е медицинска сестра која негува пациент со кревко здравје и изобличено лице кој настрадал во авионска несреќа. Таа полека ја открива неговата приказна. Животите на двајцата, пациентот и негувателката, се испреплетуваат на невообичаен начин.

Trainspotting

Рентон е зависник од дрога. Тој смета дека со преселбата во Лондон ќе сврти нов лист и ќе започне одново. Но, неговите пријатели и стариот начин на живот повторно го враќаат онаму каде што започнал.

Sleepers

Четворица најдобри другари од детството. Една несреќна случка ќе ја запечати нивната судбина засекогаш. Испратени се во казнено-поправен дом каде што се соочуваат со вистински пекол. Чуварите се изживуваат врз нив и ги оставаат засекогаш трауматизирани и со лузни.

Mission impossible 1

Сè започна од првиот дел. Итан Хант, агент на дивизијата за невозможни мисии, се обидува да ја докаже својата невиност откако е обвинет за убиствата на сите луѓе во неговиот тим.

From Dusk Till Dawn

Култното дело на Роберт Родригез и Квентин Тарантино нè носи низ неверојатната вечер на двајца криминалци и нивниот заложник. Тие ќе запрат да се одморат во еден бар. А таму, освен неодоливата Салма Хајек и нејзиниот секси танц, ги очекуваат уште многу други изненадувања со хаотични последици.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови од 2024-та кои веројатно сте ги пропуштиле, но вреди да ги изгледате Origin и The Promised Land се мал дел од новите филмови кои можеби не се многу п...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg