„Татко ти ти е и брат и вујко“ и уште 11 клишеа од латиноамерикански серии

Секогаш имаше најмалку еден совршен латино заводник по кој сите жени коси кубеа. Често имаше и бебиња заменети при раѓање, па тоа од богато семејство растело во сиромашно и обратно.

tatko-ti-e-i-brat-i-vujko-i-ushte-12-klishea-od-shpanskite-serii-01.jpg

Касандра, Есмералда, Росалинда и Руби се само дел од латино сериите кои ја одбележаа нашата младост.

Се сеќавате ли колку беа празни улиците во тајмингот кога се емитуваше Касандра? Со неа како да започна фамата по шпански серии кај нас.

Најчести клишеа од шпанските серии:

- Ги имаше најзамрсените семејни односи, па имаше дури малку комични ситуации од типот „Татко ти ти е и брат и вујко“.

- Ликовите беа или црни или бели – од ликови со душа на ангели кои не газат на мравка до ликови толку лоши и мрачни, како да излегле од 9-тиот круг на Данте.

tatko-ti-e-i-brat-i-vujko-i-ushte-12-klishea-od-shpanskite-serii-02.jpg

- Секогаш имаше најмалку еден совршен латино заводник по кој сите жени коси кубеа.

- Но, задолжително имаше и еден таков кој сака да му ја земе саканата, односно главната хероина во серијата.

tatko-ti-e-i-brat-i-vujko-i-ushte-12-klishea-od-shpanskite-serii-03.jpg

- Од неколку сестри една секогаш беше лоша.

- Една баба секогаш ја „гаташе“ судбината.

tatko-ti-e-i-brat-i-vujko-i-ushte-12-klishea-od-shpanskite-serii-05.png

- Имаше близнаци разделени при раѓање, кои се пронаоѓаат подоцна во животот.

- Секогаш некоја жена лажеше дека е бремена за крај себе да го задржи партнерот што не ја сака.

tatko-ti-e-i-brat-i-vujko-i-ushte-12-klishea-od-shpanskite-serii-08.png

- Често имаше и бебиња заменети при раѓање, па тоа од богато семејство растело во сиромашно и обратно.

- Секогаш сиромашна девојка се вљубува во богаташ, па не е прифатена од семејството.

tatko-ti-e-i-brat-i-vujko-i-ushte-12-klishea-od-shpanskite-serii-04.jpg

- Сверквата е совршено скоцкана и надмено гледа на снаата и не ја прифаќа.

- Често некој турка бремена жена по скали и таа го губи бебето.

tatko-ti-e-i-brat-i-vujko-i-ushte-12-klishea-od-shpanskite-serii-07.jpg

Се сеќавате ли на уште некое клише од латино сериите?

tatko-ti-e-i-brat-i-vujko-i-ushte-12-klishea-od-shpanskite-serii-12.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што мислат познатите личности за филмовите направени според нивните животи? Додека Џулијан Асанж отворено го критикуваше The Fifth Estate, Стивен Хокинг зап...
10 филмови со силни жени во главните улоги кои ќе ве мотивираат да постигнете повеќе Секогаш сме во потрага по инспирација, нели? Доколку чувствувате како ви недости...
„Смрт на Нил“ и уште 9 нови возбудливи филмови што ќе сакате да ги погледнете Публиката со големо нетрпение ја дочека втората филмска адаптација на Кенет Бран...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg