Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најочекуваните филмови од првата половина на 2021 – дали ги исполнија критериумите на публиката?

Respect

Драмата која ја следи вистинската приказна на Арета Френклин, од мало девојче кое пее во хорот на татка си, до интернационална суперѕвезда, ќе ви го разнежи срцето со прекрасниот глас и познатите хитови на соул дивата. Апсолутен фаворит за ова лето.

F9

Деветтото продолжение на сагата за „Брзи и бесни“ за жал ги изневери очекувањата на публиката. Иако франшизата и претходно ги поместуваше границите на реалноста и невозможното, овој пат сепак се претера. Во новиот дел, минатото се враќа да го прогонува Дом и неговото семејство кое води прилично изолиран живот на фарма.

Army of the Dead

Многу позабавен и поинтересен отколку што се очекуваше. Во Лас Вегас се случува зомби напад, а група на најмени платеници се обидуваат да се инфилтрираат во градот, со цел да украдат многу пари од добро заклучен сеф. Но, дали тоа е вистинската мисија?

Nobody

Акција во вистинска смисла на зборот која позитивно ги изненади сите. Маж кој се обидува да ѝ помогне на една жена во неволја, неочекувано се вплеткува во играта со опасен криминалец низ мрачен лавиринт од која навидум нема излез.

Judas and the Black Messiah

Неверојатен во секоја смисла на зборот, од сценарио, до кастинг и режија. Вилијам О’Нил добива понуда од ФБИ за помилување, но мора да се инфилтрира во огранокот на опасните Black Panthers во Илиноис со цел да добие информации за водачот Фред Хемптон.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10 филмови кои ја прикажуваат мрачната страна на алчноста за пари и моќ The Wolf of Wall Street е можеби најдобар пример за мрачната страна за желбата з...
10 филмови подолги од 3 часа на кои вреди да им дадете шанса Биографски драми, неколку филмови во режија на Мартин Скорсезе, но и научнофанта...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg