Најочекуваните филмови од првата половина на 2021 – дали ги исполнија критериумите на публиката?

Ова се само 10 од најочекуваните филмови од првата половина на 2021 година. Дел од нив ја освоија, други пак ја разочараа публиката.

Najocekuvanite-filmovi-od-prvata-polovina-na-2021-godina-01.jpg

Од хитови до тотални промашувања, што успеавте да изгледате досега и какви се вашите импресии?

Coming 2 America

Вториот дел на култниот класик со Еди Марфи во главната улога, за жал, ги разочара обожавателите. Дејствието продолжува во кралството Замунда и повторно нè носи во Квинс, Њујорк, каде што кралот го бара својот син и наследник за престолот.

Zola

Оваа мрачна комедија пријатно ја изненади дел од публиката, и покрај генерално ниската оценка на imdb. Зола работи како келнерка во Детроит. Таа добива неочекувана понуда да заработи малку повеќе пари во Флорида, но 48-часовниот викенд се оретвора во неверојатна одисеја со нејзината пријателка, макрото и нејзиното идиотско момче.

Space Jam: A New Legacy

„Ништо како оригиналот“, гласеше пресудата на мнозинството. ЛеБрон Џејмс за жал не успеа да го повтори успехот од првиот дел со Мајкл Џордан. Во новото продолжение, славниот кошаркар и неговиот син Дом се заробени во дигиталниот свет на Ал и за да излезат од него, нормално дека мора да се натпреваруваат против дигиталните шампиони на Ал.

The Green Knight

Фантазија/авантура која навистина има што да понуди. Своеглавиот внук на Кралот Артур тргнува на опасна мисија со цел да се соочи со „Зелениот витез“, мистериозен џин што се појавува во Камелот.

The Suicide Squad 2

Поголем, позабавен, пооткачен, полуд! Повеќе од сè. Вториот дел на The Suicide Squad ги исполни очекувања на публиката, особено на обожавателите на стриповите. Покрај дел од старите карактери од првиот дел се среќаваме и со нови. Анти-хероите се испратени на изолираниот остров Корто Малтезе на мисија која ја предводи кој друг ако не Рик Флег.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови со силни жени во главните улоги кои ќе ве мотивираат да постигнете повеќе Секогаш сме во потрага по инспирација, нели? Доколку чувствувате како ви недости...
10 неодоливи филмови со кученца кои ќе ви го стопат срцето За малите крзнени суштества велиме дека се најдобриот пријател на човекот. Тие с...
10 топли филмови кои ќе ви ја вратат вербата и насмевката во овој предолг, сив јануари Сè уште го „ситниме“ јануари, а ова не е ниту последниов викенд од најдолгиот ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg