Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Жените шефови се злобни и уште 6 погрешни верувања што ни се наметнати од холивудските филмови

Сите сме свесни дека филмовите се фикција и не треба да ги сфаќаме премногу сериозно. Но, кога ќе се земе предвид нивното влијание, станува јасно дека од нив прифаќаме многу верувања и вредности.

zhenite-shefovi-se-zlobni-i-ushte-6-pogreshni-veruvanja-shto-ni-se-nametnati-od-holivudskite-filmovi-01.jpg

Проблемот е што неретко овие верувања и вредности немаат врска со реалноста.

Во продолжение, погледнете за кои станува збор:

Жените шефови се злобни

Само помислете во колку популарни холивудски филмови, жените шефови се претставени како злобни личности.

Одличен пример за ова се ликовите на Мерил Стрип во „Devil Wears Prada“ и Сандра Булок во „The Proposal“. Секојпат кога ќе влезат во просторија, сите изгледаат преплашено, а на нивните вработени им е страв да направат и најмала, безначајна грешка.

Истовремено, најчесто ваквите ликови имаат бројни семејни проблеми, како пропаднат брак.

zhenite-shefovi-se-zlobni-pogreshni-vrednosti-i-veruvanja-shto-ni-se-nametnati-od-holivudskite-filmovi-02.JPG

Убавиот изглед е клучен за успех

Дури и ако на почетокот ликот не изгледа како филмска ѕвезда, туку како секој просечен човек, пред да постигне некоја цел или пред да успее во нешто, сигурно доживува целосна трансформација на изгледот.

Или, кога станува збор за романса, ликот (најчесто жена) кој изгледа како „обичен“ човек не го забележува никој, сè додека не направи драстична трансформација. Одличен пример за ова е уште еден лик на Сандра Булок, во филмот „Miss Congeniality“. Во филмот никој не го ни погледнува нејзиниот лик, сè додека цел тим стилисти не ја трансформираат во атрактивна жена.

zhenite-shefovi-se-zlobni-pogreshni-vrednosti-i-veruvanja-shto-ni-se-nametnati-od-holivudskite-filmovi-03.jpg

Жените не се грижат за изгледот кога се во врска

Неретко жените во холивудските филмови речиси и да не се грижат за изгледот додека се во врска. Ако, пак, раскинат, веднаш одат во салон за убавина и се претвораат во нова личност.

Можеби сите сакаат да направат нешто убаво за себе по трауматичното раскинување, но секоја жена сака да се грижи за својот изглед, без разлика дали е сингл или во врска.

zhenite-shefovi-se-zlobni-pogreshni-vrednosti-i-veruvanja-shto-ni-se-nametnati-od-holivudskite-filmovi-04.jpg

Најголемите „женкари“ ќе се „смират“ кога ќе ја сретнат вистинската

Некои луѓе едноставно не сакаат да бидат во врска и тоа е сосема во ред. Но во холивудските филмови често има машки ликови кои се заколнале да бидат „вечни ергени“, за до крајот на филмот да се вљубат во „вистинската“ и целосно да се променат.

Нормално, луѓето се менуваат, но тешко дека маж кој со години е навикнат да биде сингл ќе почне сериозна врска со девојка што ја познава само еден месец.

zhenite-shefovi-se-zlobni-pogreshni-vrednosti-i-veruvanja-shto-ni-se-nametnati-od-holivudskite-filmovi-05.JPG

Неверството го прави бракот посилен

Некои луѓе одлучуваат да му го простат неверството на партнерот, но тешко дека бракот ќе биде посилен по ваков настан.

По неверството, довербата во врската страда и ќе треба многу време и труд за да се врати.

Но во холивудските филмови важат други правила, па неретко неверството не само што е сосема нормално, туку и им ја подобрува врската на партнерите.

zhenite-shefovi-se-zlobni-pogreshni-vrednosti-i-veruvanja-shto-ni-se-nametnati-od-holivudskite-filmovi-06.JPG

Мажот од соништата е богат и доминантен

Во повеќето романтични филмови, мажот по кој лудува женскиот лик мора да е богат и доминантен. Иако нема ништо лошо во тоа да ве привлекуваат вакви мажи, Холивуд создава погрешна слика дека сите жени ги привлекуваат само вакви мажи.

zhenite-shefovi-se-zlobni-pogreshni-vrednosti-i-veruvanja-shto-ni-se-nametnati-od-holivudskite-filmovi-07.JPG

Мажот и жената кои се мразат завршуваат заедно

Помислете на некоја личност што не можете да ја поднесете. Дали мислите дека некогаш би се вљубиле во неа и би почнале врска? Веројатно не.

Но, во холивудските филмови ова веќе стана клише – штом маж и жена се мразат на почетокот, на крајот од филмот сигурно ќе се вљубат еден во друг.

zhenite-shefovi-se-zlobni-pogreshni-vrednosti-i-veruvanja-shto-ni-se-nametnati-od-holivudskite-filmovi-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ен Хатавеј, Хит Леџер – познати актери кои добија Оскар за само неколку минути глума во филмот Ен Хатавеј освои Оскар за најдобра женска споредна улога со изведбата во Les Mis...
„Го гледав филмот Тома - ремек дело, емоција, не можам да се соземам, уште гуглам за него“ Совршен филм на кој сум плачела како никогаш досега – зошто не можам да престана...
Најтажната сцена на која сите плачат во „Тома“ е измислена и уште 5 невистини прикажани во филмот Песната „За Љиљану“ е посветена на позната српска актерка, а менаџерот Дрда не п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg