Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Филмови кои со нетрпение ги очекуваме овој септември

Нов месец и многу нови филмски наслови. Без оглед на ситуацијата во светот, индустријата никогаш не мирува. Романтични филмови исполнети со еротика и страст, комедии, драми, но и многу акција според стриповите на Марвел...

Filmovi-koi-so-netrpenie-gi-ocekuvame-ovoj-septemvri-01.jpg

Што интересно ќе гледаме овој септември?

After We Fell

Последниот дел од трилогијата за младиот вљубен пар. Теса ја носи најголемата одлука во својот живот, но сè се менува, се откриваат работи за нејзиното семејство како и за она на Хардин. Пречките во нивната љубов стануваат сè поголеми.

Afterlife of the Party

Кеси, млада девојка која ужива во забави, умира за време на нејзината специјална роденденска недела. Одеднаш таа добива втора шанса да ги исправи сите погрешни нешта кои ги направила додека била жива.

Malignant

Медисон е парализирана од шокантни визии кои опфаќаат мрачни и свирепи убиства. Нејзиното мачење станува уште пострашно откако открива дека овие соништа се всушност застрашувачка реалност.

Queenpins

Домаќинка од предградието и нејзината најдобра пријателка започнуваа нелегална измама со купони, мамејќи ги големите корпорации за милиони долари.

The Card Counter

Вилијам Тејл е коцкар кој сака само да игра карти. Неговиот „спартански“ живот во казиното се менува кога му приоѓа ранлив и лут млад човек кој ја бара неговата помош за да го исполни планот за одмазда кон еден воен полковник.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 неодоливи филмови со кученца кои ќе ви го стопат срцето За малите крзнени суштества велиме дека се најдобриот пријател на човекот. Тие с...
10 филмови со силни жени во главните улоги кои ќе ве мотивираат да постигнете повеќе Секогаш сме во потрага по инспирација, нели? Доколку чувствувате како ви недости...
10 топли филмови кои ќе ви ја вратат вербата и насмевката во овој предолг, сив јануари Сè уште го „ситниме“ јануари, а ова не е ниту последниов викенд од најдолгиот ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg