Адреналин, акција и многу забава - Најдобрите авантури кои излегоа во 2021 досега

Доколку вашиот омилен филмски жанр е авантура исполнета со многу адреналин, акција, но и малку романса и мистика, тогаш имаме одлични 10 предлози за вас.

Najdobrite-avanturi-od-2021-koi-izlegoa-dosega-01.jpg

Ова се едни од најдобрите 10 кои излегоа досега во текот на 2021, а во очекување сме уште на многу одлични филмски наслови кои ќе направат срцето да ни чука малку побрзо:

Jungle Cruise

Лили е доктор по ботаника која се обидува да стигне длабоко во амазонската џунгла со цел да го пронајде древното дрво кое има моќ да излекува секаква болест, па дури да ги врати и мртвите во живот.

Wonder Woman 1984

Wonder Woman е во борба со двајца противници, Максвел Лорд, итар претприемач и Барбара Минерва, пријателка која ѝ стана непријателка. Во меѓувреме, повторно ѝ се вкрстуваат патиштата со нејзиниот љубовник.

Chaos Walking

Во не толку далечната иднина, Тод Хјуит ја запознава Виола, мистериозна девојка која доаѓа на неговата планета, каде што сите жени се исчезнати, а мажите се погодени од „Бучавата“ - сила која јавно ги прикажува сите нивни мисли.

Flora & Ulysses

Флора, 10-годишно девојче со имагинативен ум, спасува верверица и ja нарекува Улис. Таа наскоро открива дека Улис е благословен со суперсили кои им помагаат да започнат многу авантури заедно.

The Green Knight

Внукот на кралот Артур започнува смела потрага за да се соочи со Зелениот витез, мистериозен гигант кој се појавува во Камелот. Ризикувајќи ја главата, тој тргнува во епска авантура за да се докаже пред своето семејство и судот.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...
Поучни кратки анимирани филмови на YouTube за деца Факт е дека во денешно време децата речиси секој ден се во допир со екраните. За...
Омилените ликови од цртаните филмови што ќе ве вратат во детството Од оптимизмот и љубезноста на Мики Маус, до брзото размислување и хуморот на Ушк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg