Постои причина: Зошто ликовите во Дизни цртаните филмови ретко имаат мајки?

Приказните на Дизни несомнено претставуваат неизбежен дел од детството, со оглед на извлечените пораки кои се од неверојатна важност.

Postoi-prichina-zoshto-likovite-vo-Dizni-crtanite-filmovi-retko-imaat-majki  01 630x330.jpg

Меѓу другото, светската популација ги обожава Дизни филмовите поради нивните прекрасни, бајковити дејствија.

Сепак, доколку се осврнеме на нивните ликови и содржини, лесно можеме да забележиме дека повеќето семејства се нецелосни, односно на главните карактери им недостига мајчинската фигура.

Дали некогаш сте се запрашале зошто во Дизни филмовите недостига токму оваа личност?!

Во продолжение за вас откриваме зошто во поголемиот дел на Дизни цртаните недостига мајката и како тоа влијае на приказните во целина.

Мајките имаат големо влијание врз нашите животи. Тие нѐ чуваат и негуваат уште во раното детство, и продолжуваат да ни даваат совети за време на зрелоста.

Истото важи и за мајките во филмовите и во цртаните. Како едни од најважните улоги во животот на луѓето, Дизни сепак одлучил истите речиси воопшто да не се појавуваат во неговите цртани творештва.

Бамби, Пепелашка и Бел од „Убавицата и ѕверот“ или немаат или ги губат своите мајки на почетокот на приказната.

Postoi-prichina-zoshto-likovite-vo-Dizni-crtanite-filmovi-retko-imaat-majki  02 630x330.jpg

Потоа, ликовите ги воспитуваат нивните татковци.

Ако мислите дека тоа е само случајност, грешите. Овие ликови се ставени во постојано тешки ситуации и има причина зошто.

Одговорот доаѓа од извршниот продуцент Дон Хан. Тој наведува дека филмовите на Дизни се всушност „филмови за растење“.

Хан вели:

„Една од причините е практична бидејќи филмовите траат 80 или 90 минути, а филмовите на Дизни се за растење. Тие се таканаречена подготовка за денот во вашиот живот, кога сакале или не - ќе треба да ја прифатите одговорноста. Симба избега од дома, но сепак мораше да се врати“.

Списокот на ликови кои мораа да пораснат сѐ уште е во тек. Ана и Елса од Frozen, Лило (Lilo & Stitch), Рапунзел (Tangled), Аурора (Sleeping Beauty), Аладин и Јасмин (Aladdin), Ариел (The Little Mermaid) и Снежана (Snow White and the Seven Dwarfs).

Postoi-prichina-zoshto-likovite-vo-Dizni-crtanite-filmovi-retko-imaat-majki  03 630x380.jpg

Продуцентот продолжува:

„Накратко, многу е побрзо ликовите да „пораснат“ кога ќе им ги одземете родителите. Мајката на Бамби починува, па тој мора да порасне. Бел има само татко, но тој се губи, па таа мора да тргне во негова потрага“.

Postoi-prichina-zoshto-likovite-vo-Dizni-crtanite-filmovi-retko-imaat-majki  04 630x380.jpg

Хан дава друго објаснување зошто на ликовите на Дизни им недостасува мајката. Во овој случај тоа е теорија поврзана со најважниот творец, Волт Дизни.

Сон на секое дете е еден ден да им овозможи сѐ што може на своите родители, па така Волт и неговиот брат Рој во 1937 година купиле куќа за нивните мајка и татко.

За жал, по само една година нивната мајка починала. Хан наведува дека оваа страшна несреќа веројатно е и причината зошто на ликовите им недостасува мајчинска фигура.

Postoi-prichina-zoshto-likovite-vo-Dizni-crtanite-filmovi-retko-imaat-majki  05 630x330.jpg

Имајќи предвид дека истата мајчинската фигура значи сигурност и грижа, сега станува јасно зошто ликовите во филмовите на Дизни ретко имаат мајки.

Без нив, протагонистите се принудени брзо да пораснат, да донесуваат одлуки и да пишуваат свои приказни. За жал, нивната загуба е всушност пресвртница и причината за нивното духовно трансформирање.

Без сомнеж, Дизни повторно покажа и докажа дека неговите филмови се навистина посебни!

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Мајката има 29, а синот 28 години – Филмови и серии во кои возрасната разлика на актерите е нелогичн... Сигурно знаете дека во историската драма Alexander, Анџелина Џоли ја глуми Олимп...
Со кој романтичен филм да се опуштите викендов, според хороскопскиот знак? Рибите ја ценат романтиката, но исто така сакаат и да мечтаат. Музичките секвенц...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg