Филмски клишеа кои стануваат досадни и дефинитивно не функционираат во реалноста
Појадокот во кревет е најромантичниот гест, „обичните“ луѓе изгледаат како супермодели и сите се будат пред изгрејсонце, па пред работа имаат време и за вежбање, и за готвење.
Филмовите станаа важен дел од нашите животи – ни го исполнуваат слободното време, нè забавуваат, а некогаш ни помагаат и да научиме некоја животна лекција.
Иако сме свесни дека (повеќето од) филмовите се фикција и нештата се многу поразлични во реалноста, постојат неколку клишеа кои толку многу се повторуваат, што веќе стануваат досадни.
Кои се најчестите филмски клишеа кои дефинитивно не функционираат во реалноста?
Во филмовите никој не троши време да ги исчисти шепите на кучињата откако ќе се вратат од надвор. Во реалноста, ретко кој би дозволил неговото куче да скока по креветите со валкани шепи.
Милениците, особено мачките, секогаш имаат шесто сетило. Тие не само што имаат моќ да гледаат духови и секакви натприродни појави, туку секогаш го препознаваат негативецот веднаш штом ќе го погледнат.
Холивудските филмови нè натераа да мислиме дека појадокот во кревет е најромантичното нешто. Но, во реалноста сигурно повеќе сакате прво да се расоните и да се измиете пред да јадете. А, и никој не сака трошки и дамки од храна на постелнината.
-->
-->
Дури и најмалите продавнички на оддалечени локации се опремени со буквално сè и ликовите веднаш го наоѓаат она што им треба.
-->
Редиците пред каса не постојат во филмовите. Или, главните ликови имаат голема среќа па секогаш застануваат први, пред да се направи метеж.
Ако ликовите треба да разговараат, не е важно дали се во ноќен клуб, на концерт или каде било со многу врева. Тие без проблем се разбираат, а не го повишуваат ни гласот.
Продолжува на следната страница...
-->
Би можело да ве интересира:

Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови
Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...

Стереотипи од турските серии заради кои секогаш превртуваме очи
Сите ликови се нашминкани дури и кога се будат од спиење. Секогаш главните ликов...

Амнезија, заменети бебиња: „Омилените“ клишеа од сапуниците со кои пораснавме
„Кога одеднаш ќе се појави сестра или брат за кои никој не знаел. Уште полошо ак...

10 серии со непредвидливи пресврти (поради кои ќе сакате да ги изгледате уште еднаш)
Популарната Squid Game, но и Behind Her Eyes – серија чиј крај никогаш не би го ...

Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата?
Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...

10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија
Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...