Филмски клишеа кои стануваат досадни и дефинитивно не функционираат во реалноста
Скоро сите ликови се ранобудни и пред да заминат на работа имаат време за вежбање, правење обилен појадок, подјадување, средување…
Бидејќи холивудските актери изгледаат како модели, и нивните ликови изгледаат како модели, без разлика што треба да бидат „обични“ луѓе како нас.
Адвокатите се најефикасни во последниот момент. Во скоро сите филмови со судници и адвокати, адвокатите наоѓаат некој доказ или некој сведок кој целосно го менува текот на настаните, и тоа баш пред да се донесе пресудата.
Кога ликовите ќе се повредат, особено ако се жени, секогаш имаат рана која не само што не им влијае лошо врз изгледот, туку прави и да изгледаат подобро и „поопасно“.
Кога главните ликови се во брзање, без проблем ги туркаат сите околу нив, а другите луѓе само го прифаќаат тоа како да е најнормално нешто.
Сите имаат добри соседи кои се секогаш подготвени да помогнат. Ако, пак, станува збор за соседство како во „Очајни домаќинки“, никој не си ја заклучува надворешната врата и сите си влегуваат во туѓите домови без никаков проблем.
Спирова С. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови
Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...

Стереотипи од турските серии заради кои секогаш превртуваме очи
Сите ликови се нашминкани дури и кога се будат од спиење. Секогаш главните ликов...

Амнезија, заменети бебиња: „Омилените“ клишеа од сапуниците со кои пораснавме
„Кога одеднаш ќе се појави сестра или брат за кои никој не знаел. Уште полошо ак...

10 серии со непредвидливи пресврти (поради кои ќе сакате да ги изгледате уште еднаш)
Популарната Squid Game, но и Behind Her Eyes – серија чиј крај никогаш не би го ...

Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата?
Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...

10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија
Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
-->