Леонардо Ди Каприо јадел живо месо за The Revenant, иако е веган – актери кои отишле предалеку за улога

Џејми Фокс минувал 14 часа дневно со заврзани очи за да го долови ликот на слепиот музичар Реј Чарлс, а Роберт Патинсон се опивал и зад камерите се однесувал како проблематичниот лик во The Lighthouse.

leonardo-di-kaprio-jadel-zhivo-meso-za-the-revenant-iako-e-vegan-akteri-koi-otishle-predaleku-za-uloga-01.jpg

Актерите користат многу техники за да го извлечат најдоброто од себе, но можеби најопасно е таканареченото методско глумење (method acting). Ова е техника со која актерите не ги глумат емоциите, туку целосно се внесуваат во нивниот лик и ги чувствуваат неговите емоции, така што нивната изведба изгледа многу поприродно и поуверливо.

Но, ова значи дека ако нивниот лик се чувствува мизерно – и тие се чувствуваат мизерно. Односно, сите емоции што ги чувствува нивниот лик, ги чувствуваат и тие. А, кога ќе земете предвид дека снимањата траат и по неколку месеци, станува јасно зошто оваа техника може да биде и опасна за менталното, а некогаш и физичкото здравје на актерите.

Сепак, најдобрите холивудски актери и актерки неретко ја користат оваа техника, иако се свесни за последиците, и одат до екстреми за добра изведба.

Неколку актери кои навистина отишле предалеку за улога:

Лејди Гага

Лејди Гага зборувала со италијански акцент и во приватниот живот цели девет месеци додека траело снимањето на House of Gucci.

„Три години работев на улогата и ќе бидам искрена – околу година и пол, живеев исто како ликот што го глумев“.

Оваа посветеност на улогата ѝ предизвикала проблеми на Гага и открива дека веднаш откако завршило снимањето, извесен период мислела дека уште се наоѓа на филмски сет.

02.jpg

Ештон Кучер

Ештон го глумеше Стив Џобс во биографскиот филм Jobs, а додека траело снимањето пробал да го следи начинот на исхрана на основачот на Apple.

Стив Џобс бил „фрутаријанец“, односно јадел само овошје, а обидувајќи е да го копира, Ештон двапати завршил во болница.

„Беше многу глупав. Еден период јадеш само грозје… двапати заврши во болница. Со панкреатит! Беше многу глупаво“, изјави неговата сопруга Мила Кунис.

03.jpg

Џаред Лето

Џаред Лето се појавува во Suicide Squad едвај 10 минути, но вистински ѝ се посветил на улогата на Џокерот.

Бидејќи неговиот лик е психопат, и Џаред почнал да се однесува така – на колешката Марго Роби ѝ испратил мртов стаорец, на друг колега му испратил мртва свиња, а од сите на сетот барал да му се обраќаат исто како што ликовите во филмот му се обраќаат на Џокерот.

04.jpg

Роберт Патинсон

The Lighthouse е по малку вознемирувачки филм, а ни за актерите не било лесно да го снимаат. Роберт Патинсон, кој ја има една од главните улоги, навистина се опивал наместо да глуми пијан, си ставал камчиња во чевлите, лижел кал – генерално, ги правел сите бизарни работи што би ги правел и неговиот лик.

„Секогаш кажувам дека актерите пробуваат методска глума кога глумат лоша личност. А, никогаш нема да видите актер да се однесува фино додека е длабоко навлезен во неговиот лик“, сподели актерот за улогата во The Lighthouse.

05.jpg

Даниел Деј-Луис

Ликот на Даниел во My Left Foot има церебрална парализа, а додека траело снимањето, актерот одбивал да стане од инвалидската количка, дури и кога камерите биле исклучени. Поради ова, си создал проблеми со ребрата.

Истовремено, тој барал да го хранат со лажичка, исто како неговиот лик.

06.jpg

Хали Бери

Во Jungle Fever, Хали глуми зависничка и за целосно да се внесе во улогата, не се туширала и по 10 денови.

„Навистина не се туширав. Прашајте ги колегите. Постојано мораа да мe трпат“, изјави актерката.

07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 филмови кои реално ги прикажуваат битките со сериозни болести The Father премногу реално ја прикажува битката со којашто се соочуваат луѓето с...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Гол презентер на сцената, паѓање на црвениот тепих: Забавни (и непријатни) моменти од Оскари 2024 Џон Сина се појави гол на сцената како презентер, Кирстен Данст се сопна на црве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg