Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 најдобри крими серии на сите времиња совршени за непрекинат, филмски маратон

Идеалното време за маратонско гледање на серии без никаква грижа на совест допрва се наближува.

10-najdobri-krimi-serii-na-site-vreminja-sovrsheni-za-neprekinat-filmski-maraton 01 630x330.jpg

Колкупати досега ви се случило да сакате да гледате серија, но при самиот процес на наоѓање на „вистинската“ да ја изгубите волјата за гледање?!

Точно е, филмската индустрија никогаш не спие и со оглед на тоа што ни претстои огромна бројка на серии, не знаеме на која попрво да ѝ дадеме шанса.

Еден од жанровите кои умеат да привлечат особено внимание е токму криминалистиката, бидејќи во себе содржи способност да размрда, исплаши, заинтригира и во исто време да ни постави стотици прашања.

Во продолжение за вас ги издвоивме најдобрите криминални, филмски евергрини на кои конкуренцијата не им може ништо:

Breaking Bad

Прашањето за моралот никогаш не било толку сомнително.

Колку е тенка границата помеѓу доброто и злото? Всушност, дали воопшто постои? Може ли човек да биде и добар и лош во исто време?

Ова се само дел од прашањата кои нѐ мачат. За извонредната глума, режија и сценографија нема потреба да се коментира.

Imdb оцена: 9.5/10

The Wire

Во срцето на заплетот се различните општествени слоеви на градот Балтимор и нивната врска со законот.

Првата сезона се занимава со трговија со дрога, втората ги прикажува бродоградилиштето и синдикатот, третата градската власт и бирократијата, четвртата се занимава со училишниот систем и петтата со медиумите.

Сите сме дел од еден систем. Кој и да сте, вие сте подредени на некого и нешто. Можеби не сме толку различни како што мислиме?!

Imdb оцена: 9.3/10

The Sopranos

Оваа ремек-дело серија постигна голем комерцијален успех и се смета за една од најуспешните серии во историјата.

Креаторот на серијата, Дејвид Чејс нашол инспирација во својот дом и растењето во Њу Џерси.

Единствено што детството и семејството ги приспособил на концептот на мафијата.

Imdb оцена: 9.2/10

Sherlock

Модерна верзија на детективски приказни за Шерлок од авторот Артур Конан Дојл.

Серијата се фокусира на детективот Шерлок и неговиот помошник Џон во решавањето на злосторствата во 21 век во Лондон.

Иако фокусот е на решавање на злосторството, смртоносното непријателство меѓу Шерлок и Мориарти го следи целиот процес.

Imdb оцена: 9.1/10

True Detective

Првата сезона наиде на голем одзив и беше наградена со бројни признанија за глума, пишување и режија.

Секоја сезона има нови ликови, приказна, како и актерска екипа, но во нејзината суштина е решавањето мистериозни злосторства.

Во првата сезона, приказната следи двајца детективи од Луизијана во нивниот 17-годишен лов по ритуален убиец.

Imdb оцена: 9.0/10

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 популарни серии кои (ќе) имаат нови сезони во 2025-та The White Lotus, The Handmaid"s Tale, Black Mirror – дел од најпопуларните серии...
10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
10 мини-серии на Нетфликс што се гледаат во еден викенд Љубителите на хорор треба да ја изгледаат The Fall of the House of Usher, додека...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 (мини) серии на HBO Max, совршени за продолжен викенд Српската „Сабља“ или The Penguin за оние кои ја сакаат помрачната верзија на Бет...
„Чекавме 3 години за овој ужас“: Критики за втората сезона од Squid Game + најзабавните мемиња за се... „Само што ја завршив втората сезона и е толку ужасна, што плачам. Сите елементи ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg