Трогателни филмови на кои мора да им дадете шанса, но нема да сакате да ги погледнете вторпат

Ќе треба да се подготвите психички ако планирате да ги гледате Jojo Rabbit, Parasite или 12 Years a Slave...

trogatelni-filmovi-na-koi-mora-da-im-dadete-shansa-no-nema-da-sakate-da-gi-poglednete-vtorpat-01.jpg

Повеќето гледаме филмови за разонода и за да го пополниме слободното време, а токму затоа акционите филови, комедиите и „едноставните“ драми се најпопуларните жанрови.

Но, постојат филмови кои ќе ги разбудат сите емоции во вас – и добри и лоши – и кои ќе ги помните уште долго, но тешко дека ќе се осмелите да ги изгледате по вторпат.

Без разлика дали поради насилството, трагичните приказни на ликовите или нешто сосема друго, многу луѓе ги гледаат овие филмови само еднаш, но сепак сметаат дека се ремек-дела што мора да ги погледнат сите.

Во продолжение 10 вакви наслови за кои треба да се подготвите и психички:

12 Years a Slave

Трогателна приказна инспирирана од мемоарите на Афроамериканец кој бил роб во Америка во 1800-тите.

Главниот лик Соломон е слободен Афроамериканец кој живее во Њујорк, но во 1841 година е киднапиран од двајца мажи кои го продаваат како роб. Цели 12 години, Соломон е присилен да работи на плантажи во Луизијана и поминува вистинска голгота.

Филмот одлично прикажува со што се соочувале поробените Афроамериканци во Америка и иако изведбата на актерите како Бред Пит и Лупита Нјонго се одлични, нема да се натерате да го изгледате вторпат.

Jojo Rabbit

Иако е класифициран како комедија, Jojo Rabbit е мрачен филм чие дејство е сместено кратко по крајот на Втората светска војна. Главниот лик е мало детенце кое открива дека неговата мајка крие еврејско девојче во нивниот таван.

Филмот многу добро покажува како изгледа војната и последиците од неа низ детските очи и е исполнет со емотивни моменти кои го прават тежок за гледање.

Jojo Rabbit има освоено еден Оскар, а може да се пофали и со одлична актерка екипа која ја сочинуваат актери како Скарлет Јохансон и Сем Роквел.

Nocturnal Animals

На почетокот од филмот ќе ја погледнете можеби најнапнатата сцена што сте ја изгледале и за која ќе размислувате долго по завршувањето на филмот.

Главниот лик е сопственичка на уметничка галерија која добива сценарио напишано од нејзиниот поранешен сопруг. Паралелно, филмот го прикажува сценариото, како и настаните што се случуваат во животот на жената, која почнува да гледа многу сличности помеѓу напишаното и нејзината врска со поранешниот сопруг.

Главните ликови ги глумат Ејми Адамс и Џејк Гиленхал, што е гаранција за одлична изведба.

Parasite

Оскарот на Parasite е повеќе од заслужен бидејќи мошне добро ги претставува класните разлики помеѓу богатите и сиромашните во Северна Кореја. Но, оваа аналогија би можеле да се примени во многу земји ширум светот.

Дејството раскажува за две семејства, едно богато и едно сиромашно, чии животи се испреплетуваат на најчудниот начин. Членовите на сиромашното семејство одвоено почнуваат да се вработуваат кај богатото семејство и, на некој начин, стануваат нивни паразити.

Во филмот има и доста насилство, што може да ве одвлече од намерата да го изгледате уште еднаш.

Hereditary

Хорор-филм исполнет со многу натприродни, морничави појави и настани од кои навистина ќе ве полазат морници.

Двајца родители и нивните син и ќерка пробуваат да се справат со смртта на ментално болната мајка на жената. Секој од нив се справува со загубата на посебен начин, а на мајката и ќерката почнуваат да им се случуваат натприродни работи поврзани со мрачните тајни на нивното семејство.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg