Предлог филмови со неочекуван крај кој ќе ве замисли и збуни

Филмовите со неочекуван пресврт на крајот секогаш ја разгоруваат нашата фантазија, но и ја тестираат нашата интелигенција. Ваквите добри филмови може да нè остават во недоумици со денови по нивното гледање.

10-filmovi-so-neocekuvan-kraj-01.jpg

Доколку сте расположени за филмови со неочекувани краеви кои ќе ве замислат и збунат, ги препорачуваме следните 10:

Silent Night

Нел и Сајмон организираа божиќна забава за своите пријатели во изолирана куќа во природа. Она што треба да биде среќен настан за сите носи злокобна агенда со непредвидлив крај.

Before I Wake

Откако нивниот син Шон починува, Џеси и Марк го посвојуваат Коди од сиропиталиште. Меѓутоа, набрзо сфаќаат дека соништата на Коди оживуваат додека тој спие.

The Gift

Сајмон и Робин се брачен пар и неочекувано налетуваат на Гордо, стар познаник. Работите се менуваат кога Гордо почнува ненајавено да влегува во нивната куќа и да ги преплавува со мистериозни подароци.

In the Shadow of Iris

Кога сопругата на богат банкар исчезнува во Париз, инспекторите мислат дека млад механичар можеби е поврзан со нејзиното киднапирање. Како што случајот се развива, истражителите сфаќаат дека се далеку од вистината.

Cloud Atlas

Шест поединци кои припаѓаат на различни генерации истражуваат како човечките постапки влијаат на животите на нивните најблиски во светот кој постојано се менува.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 нови романтични филмови на Нетфликс кои ќе ви го стопат срцето Можеби се топиме како сладолед на жежок асфалт поради високите летни температури...
10 нови филмови на Нетфликс кои ги освоија симпатиите на публиката Нашата омилена филмска платформа Нетфликс нè изненади со одлични филмски оствару...
10 нови серии на кои вреди да им дадете шанса Зарем има подобро чувство од почнувањето на нова серија за која сè уште никој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg