10 филмови што ќе ве внесат во весело, претпразнично расположение

10-filmovi-sto-ke-ve-vnesat-vo-veselo-pretpraznicno-rapolozenie-01.jpg

„Ситно“ одбројуваме до крајот на 2021 година. Доколку сте од оние кои обожаваат филмови обоени со божиќна и новогодишна магија, имаме 10 супер (стари, но и нови) предлози за вас:

The Christmas Chronicles

Кејт и Теди смислуваат план во пресрет на Божиќ како да го „фатат“ Дедо Мраз на камера, со цел да докажат дека тој навистина постои. 

Меѓутоа, кога работите ќе тргнат наопаку, тие се принудени да се здружат со него за да го спасат омилениот празник. Филмот има и втор дел на Нетфликс.

Love Actually

Love Actually со причина е еден од најомилените божиќни филмови од современото време. Осум лондонски парови се обидуваат да се справат со своите врски на различни начини.

Љубовта ги тера да откријат колку можат да бидат комплицирани врските, особено во пресрет на празниците.

Godmothered

Кога Елеонор, кума-самовила на обука, дознава дека на светот повеќе не му требаат самовили, таа решава да им докаже на сите дека грешат помагајќи ѝ на една млада девојка чија молба за помош останала незабележана.

Home Alone

Вистински класик помеѓу новогодишните филмови без кој не можеме да го замислиме овој период од годината.

8-годишен бунтовник мора да го заштити домот од пар провалници кога случајно ќе остане сам дома за време на божиќниот одмор.

The Night Before

Итан, Ајзак и Крис се најдобри пријатели кои секоја година заедно го прославуваат Бадник.

Работите се менуваат кога Ајзак и Крис одлучуваат да ја прекинат децениската традиција.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 нови романтични филмови на Нетфликс кои ќе ви го стопат срцето Можеби се топиме како сладолед на жежок асфалт поради високите летни температури...
10 нови филмови на Нетфликс кои ги освоија симпатиите на публиката Нашата омилена филмска платформа Нетфликс нè изненади со одлични филмски оствару...
„Елвис“ и уште 5 ремек-дела на генијалниот Баз Лурман кои не смеете да ги пропуштите Баз Лурман (59) е австралиски режисер, сценарист и продуцент, познат по специфич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg