10 филмови кои ќе ви внесат божиќно расположение во домот


10 филмови кои ќе ви внесат божиќно расположение во домот

10-filmovi-za-bozikjno-raspolozenie-vo-domot-01.jpg

Уште еден топол, празничен викенд пред нас. Доколку сте расположени за забавни филмови кои ќе внесат весело божиќно расположение во домот, ги препорачуваме следните:

A Christmas Prince

Млада новинарка е испратена на тајна мисија за да открие пикантерии за принцот плејбој кој е предодреден да стане крал.

Last Holiday

Џорџија, која води живот полн со неостварени желби, е шокирана кога открива дека има смртоносна болест. Наскоро, таа ја напушта работата, ја собира својата заштеда и тргнува на луксузно патување низ Европа.

Office Christmas Party

Канцелариската божиќна прослава излегува надвор од контрола откако Клеј, управителот на филијалата, организира забава за да го импресионира клиентот со цел да не се затвори канцеларијата.

Four Christmases

Заљубените Бред и Кејт планираат да одат на Фиџи за време на божиќните празници. Меѓутоа, кога ќе им го откажат летот, принудени се да ги посетат нивните разведени родители за Божиќ.

Happy Christmas

Џени се сели во куќата на нејзиниот брат по раскинувањето. Заедно со нејзината пријателка, Карсон, таа ќе ја натера Кели, сопругата на нејзиниот брат, да сфати дека нејзиниот живот има потреба од голема промена.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

20 филмови кои направија најмногу пари во 2018-та Додека повеќето се жалат дека во последно време нема добри филмови и дека само с...
Најдобрите филмски премиери во септември - што ќе гледаме оваа есен? Оваа филмска есен е исполнета со многу нови премиери од речиси сите жанрови.&nbs...
Смрзнување во топли денови – најдобрите хорор филмови од 2020 кои излегоа досега Изреката „ќе ти замрзне крвта во жилите“ дефинитивно е оправдана кај следните 10...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg