Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 хорори кои ќе ви ја наежат кожата и ќе ве држат на штрек

Не сите хорор филмови мора да бидат исполнети со крв и насилство. Некои од нив се тивки, но подеднакво страшни и бизарни. Ваквите филмови ни се вовлекуваат под кожата, постојано држејќи нè на штрек.

10-horori-koi-ke-vi-ja-naezhat-kozhata-01.jpg

Доколку сте љубители на овој филмски жанр, ви ги препорачуваме следните 10 предлози:

Candyman

Продолжение на хорор филмот Candyman (1992) чие дејствие продолжува во истата населба во Чикаго каде што и започнала легендата за злокобниот „Кендимен“.

The Conjuring: The Devil Made Me Do It

Арне Шајен Џонсон го прободува и убива сопственикот каде што живее под наем, тврдејќи дека е под демонска опсесија. Ед и Лорејн Ворен го истражуваат случајот и се обидуваат да ја докажат неговата невиност.

Antlers

Наставничка од мал град во Орегон и нејзиниот брат, локалниот шериф, откриваат дека еден млад ученик крие опасна тајна која може да има застрашувачки последици.

Spiral

Кога еден полицаец ќе биде убиен од страна на убиец кој го имитира Jigsaw, Зик Бенкс е назначен да го истражи случајот. Во процесот на казнување на сторителот, тој ќе се соочи со демоните од своето минато.

Lamb

Во руралните средини на Исланд, брачен пар без деца открива чудно и неприродно новороденче во нивната штала за овци. Тие решаваат да ја одгледаат како своја, но злобните сили се решени да го вратат суштеството во дивината што ја создала.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
10 филмови подолги од 3 часа на кои вреди да им дадете шанса Биографски драми, неколку филмови во режија на Мартин Скорсезе, но и научнофанта...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg