Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 филмски премиери што со нетрпение ги очекуваме во 2022 година

Неколку римејкови, многу продолженија и по некој оригинален наслов – 2022-ра ветува многу кога станува збор за филмови.

10-filmski-premieri-shto-so-netrpenie-gi-ochekuvame-vo-2022-godina-01.jpg

Пандемијата иаше огромно влијание врз филмската индустрија и бројни снимања беа одложени, а некогаш и целосно откажани.

Но, минатата година филмските екипи се вратија во студијата, ги довршија започнатите проекти, а тоа значи 2022-ра ќе ди донесе многу одлични наслови.

Во продолжение 10 филмови кои вреди да ги изгледате оваа година:

Uncharted (18 февруари)

Филмот е инспириран од популарната видеоигра Uncharted каде што главниот лик е археологот Нејтан Дрејк. Во улогата на Нејтан ќе го видиме Том Холанд, а покрај него ќе се појави и Марк Волберг.

Слично како во играта, и во филмот Нејтан ќе трага по загубено богатство, но и ќе се обиде да го најде неговиот одамна изгубен брат.

Dog (18 февруари)

Ченинг Тејтум го глуми војникот Бригс кој има задача да се зближи со Лулу – куче кое не дозволува да го допре никој. Истовремено, Бригс треба навреме да го однесе кучето на погребот на војникот кој се грижел за него, па филмот е всушност нивото патешествие.

Сигурно можеме да очекуваме топла приказна за пријателството што се раѓа помеѓу еден маж и едно куче.

The Batman (4 март)

Годинава конечно ќе видиме дали Роберт Патинсон е добар избор за Бетмен.

Во новиот филм, Бемтен ќе се соочи со познатиот негативец The Riddler, а ќе дознаеме и нешто повеќе за неговиот однос со Catwoman.

The Lost City (25 март)

Ликот на Сандра Булок е писателка која пишува книга за изгубен град. Пресвртот настанува кога ќе ѝ пријде еден милијардер и ќе ја натера да му помогне да го најде градот во реалноста.

Филмот е комбинација од авантура и комедија, но и малку романса.

The Lost City може да се пофали со одлична актерка екипа – покрај шармантната Сандра, ќе ги видиме и Даниел Редклиф, Ченинг Тејтум и Бред Пит.

Fantastic Beasts: The Secrets of Dumbledore (8 април)

За фановите на Хари Потер, 2022-ра носи одличен филм кој ќе ни помогне да дознаеме нешто повеќе за мистериозното минато на Дамблдор.

Еди Рејман повторно ќе го глуми ексцентричниот Њут, кој заедно ос уште неколку волшебници ќе проба да се соочи со озлогласениот Гринделвалд.

Инаку, во претходните продолженија, улогата на Гринделвалд му припаѓаше на Џони Деп, но овојпат тој е заменет од Мадс Микелсен.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Холивудски актери кои изгубиле милиони бидејќи одбиле улоги Можете ли да го замислите Вил Смит како Нео од The Matrix? А, Мет Дејмон во глав...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 филмови подолги од 3 часа на кои вреди да им дадете шанса Биографски драми, неколку филмови во режија на Мартин Скорсезе, но и научнофанта...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg