Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 филмови што ќе ве држат во неизвесност до крај и ќе ве остават без зборови (ќе сакате да ги гледате вторпат)

The Usual Suspects

Главните ликови се пет криминалци кои откако се повикани во полиција на рутинско испрашување, одлучуваат да се здружат и да изведат огромен грабеж.

Но, набрзо дознаваат дека не биле споени случајно и зад целата операција стои озлогласен криминалец чиј идентитет е мистерија и за полицијата, и за другите криминалци.

Криминалците сфаќаат дека секој од нив му направил нешто лошо, па тој се обидува да им се одмазди така што ќе ги „намести“.

Во текот на целиот филм, сите се обидуваат да дознаат кој е овој мистичен криминалец, а на крајот од филмот, ќе дознаете и вие.

Children of Men

За разлика од повеќето на листата, овој филм нема некои непредвидливи пресврти, но самото дејство е доволно за да ве остави без зборови.

Во 2027-ма, 18 години откако сите луѓе станале неплодни, човештвото е на раб на истребување. Но, се случува чудо и една жена останува бремена.

Задачата на главниот лик е да ја заштити жената и да ја однесе на безбедно место.

Eternal Sunshine of the Spotless Mind

Една од најдобрите и најнеобичните љубовни приказни што биле прикажани на филмското платно.

Главните ликови Џоел и Клементајн се запознаваат додека се возат во воз и набрзо почнуваат врска. Љубовта што ја чувствуваат еден кон друг е повеќе од очигледна и ништо нема да ве натера да помислите дека некогаш би се разделиле.

Но, и двајцата биле на третман за бришење на меморијата, па не се ни свесни за нивното заедничко минато.

Moon

Човештвото има направено станица на Месечината, а единствениот човек во неа е астронаутот Сем. Неговиот договор за работа трае три години и единственото друштво што го има е компјутерот GERTY.

Како што привршува „смената“ на Сем на Месечината и тој почнува да се подготвува да се врати на Земјата, се случува несреќа која му открива вознемирувачка тајна што ќе му ја сруши реалноста.

Tenet

Ќе треба внимателно да го следите филмот за да го разберете дејството, но дефинитивно вреди бидејќи Tenet е можеби најдобриот филм на Кристофер Нолан (досега).

Главната тема во филмот е патувањето низ времето кое е претставено на навистина уникатен и збунувачки начин, но сепак изгледа логично.

Проблемот настанува кога неколку куршуми кои се движат назад во времето (кога ќе го погледнете филмот ќе ви стане јасно) почнуваат да претставуваат сериозна закана за човештвото.

Задачата на главниот лик е да ја спречи оваа закана.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 серии со непредвидливи пресврти (поради кои ќе сакате да ги изгледате уште еднаш) Популарната Squid Game, но и Behind Her Eyes – серија чиј крај никогаш не би го ...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Амнезија, заменети бебиња: „Омилените“ клишеа од сапуниците со кои пораснавме „Кога одеднаш ќе се појави сестра или брат за кои никој не знаел. Уште полошо ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg