10 филмови кои гледаме одново и одново бидејќи секогаш ни го подобруваат расположението

Ако сте фан на серијалот Хари Потер, веројатно ни самите не знаете колку пати сте го изгледале првиот дел – овој филм, па и целиот серијал, навистина има посебен шарм кој прави да се чувствуваме безгрижно.

10-filmovi-koi-gledame-odnovo-i-odnovo-bidejkji-sekogash-ni-go-podobruvaat-raspolozhenieto-01.jpg

Сите си имаме барем еден филм кој ни е изгледан над стопати бидејќи ни го подобрува расположението.

Иако го знаеме дејството и репликите ни се научени напамет, секогаш им се враќаме на овие филмови кои навистина ни помагаат да се справиме со лошите денови.

Во продолжение десет филмови кои можат да ви го подобрат расположението во секој миг: 

Mean Girls (2004)

Популарната тинејџерска комедија со Линдзи Лохан и Рејчел Мекадамс секогаш може да нè расположи, дури и ако средношколските денови се далеку зад нас.

Главниот лик, Кеди, се запишува во ново средно училиште и се обидува да се инфилтрира во групата на најпопуларните девојки со цел да ги шпионира.

Но, нештата тргнуваат во погрешна насока кога таа се вљубува во поранешното момче на една од девојките.

Harry Potter and the Philosopher’s Stone (2001)

Ако сте фан на Хари Потер, сигурно не ни знаете колку пати сте го изгледале првиот дел. А, кога имате повеќе време, веројатно правите маратон со целиот серијал.

Претпоставуваме дека не треба да го раскажуваме дејството на филмот што одбележа цела генерација.

Matilda (1996)

Авантурите на малата Матилда која може да движи предмети со нејзиниот ум секогаш се забавни за гледање.

Малото девојче потекнува од нефункционално семејство, а притоа треба да се справи и со лошата директорка во училиштето. За среќа, има помош од една наставничка.

Amelie (2001)

Слатката Амели која сака да мечтае и да им помага на саканите секогаш може да ни го разубави и најлошиот ден.

Младата келнерка живее во Париз и обидувајќи се да му го врати фото-албумот на личноста што го изгубила, ја наоѓа љубовта на својот живот.

Jumanji (1995)

Сите филмови на Робин Вилијамс заслужуваат да бидат на оваа листа, но Jumanji навистина се истакнува.

Чудната друштвена игра што ја наоѓаат главните ликови се покажува како многу опасна, па дури и како портал од еден во друг свет.

Ако не сте ги погледнале, вреди да им дадете шанса и на двете нови продолженија со Двејн Џонсон.

Уште пет филмови на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg