Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Заслужено на тронот: 10 анимирани филмови на Pixar со најголема заработка на сите времиња

Анимираните филмови не се само „детски“ приказни, туку се занимаваат со подлабоки, значајни проблеми коишто даваат акцент на многу загрижувачки прашања.

Zasluzheno-na-tronot-10-animirani-filmovi-na-Pixar-so-najgolema-zarabotka-na-site-vreminja 01 630x330.jpg

Под фасадата на хуморот и совршеноста, тие се насочуваат во правец на бруталната реалност која на прв поглед не изгледа онака каква што навистина е. Идејата дека цртаните филмови се единствено за деца, со сигурност е најпогрешниот заклучок на луѓето.

Иако тие го „будат“ детето во секого и му помагаат на човекот да се поврзе да се поврзе со младоста, повеќето имаат основна порака што честопати е маскирана со леснотијата која соодветстува.

Најдобрите филмови на Pixar, Disney и други, главно се чини дека се справуваат со проблеми коишто не се прикажувале низ детските филмови години наназад.

Тие помагаат трагедијата и болката да се надминат полесно, но на некој хумористичен и ентузијастички начин. Некои од анимираните хитови се справија со социјалната стигма околу депресијата, расизмот итн.

Овој пат одлучивме да ја издвоиме категоријата на најдобри, кои вреди да ги погледнете.

Во продолжение за вас подготвивме листа на 10 филмови на Pixar со најголема заработка на сите времиња:

WALL-E (2008) – 532 милиони долари

Wall-E е уште еден анимиран филм во низата кој докажа дека Pixar се мајстори во она што го прават. Во овој филм, речиси и да нема дијалог, што најпрвин изгледа смешно, но сепак функционира извонредно.

WALL-E е робот оставен на Земјата да го исчисти нередот кој го оставаат луѓето, откако мораат да ја напуштат планетата поради загадувањето што предизвикува токсичен отров во воздухот.

Наскоро се среќава со друг робот и двајцата се обидуваат да испратат порака дека Земјата е подготвена да им даде втора шанса на луѓето.

Brave (2012) – 554 милиони долари

Храбар е обидот на Пиксар да направи свој филм каде главна улога ќе биде една принцеза (како во Disney цртаните). На принцезата Мерида, не ѝ треба маж кој ќе ѝ помогне да се спаси, таа и нејзината мајка сами го победуваат злото и го спасуваат денот.

Настрана од критиките, овој анимиран филм допре до публиката и заработи 554 милиони долари.

Monsters, Inc. (2001) - 559 милиони долари

Monsters, Inc. ја раскажува оригиналната приказна за Мајк и Сали, додека тие работат на напојување на градот Монстрополис со собирање на врисоци на човечки деца.

За жал, кога едно дете ќе избега во светот на чудовиштата, Мајк и Сали ќе мораат да ја вратат назад без тоа да го забележи нивниот шеф и соработници.

Ratatouille (2007) - 626 милиони долари

„Рататуи“ е филм кој го обиколи светот преку приказната што се одвива во Париз во светот на убавата кујна.

Станува збор за младо момче кое со помош на стаорец го спасува ресторанот и импресионира еден од најсуровите критичари на храната. Секој човек може да биде успешен – ако навистина се труди и го сака тоа.

The Incredibles (2004) - 631 милиони долари

The Incredibles следат семејство на суперхерои кои се наоѓаат во свет кој повеќе не ги прифаќа истите. Меѓутоа, една тајна понуда менува сѐ.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Сите добитници на Оскари 2025: „Anora“ триумфираше со 5 статуетки, „The Brutalist“ со 3 Оскари „Anora“ е филм снимен за само шест милиони долари, што е мала сума за холивудски...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
10 емотивни филмови кои ќе допрат и до најрамнодушните The Father е филм што ќе ви го скрши срцето, додека а A Street Cat Named Bob ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg