Работени според вистински приказни – 10 серии на Нетфликс од кои тешко ќе ги одлепите очите од екранот

Изреката „Животот пишува романи“ дефинитивно може да се преименува во – Животот прави популарни ТВ серии во кои гледачите уживаат.

Raboteni-spored-vistinski-prikazni-TV-serii-na-Netfliks-01.jpg

Следните 10 неверојатни серии се базирани на вистинити настани, и иако дел од нив изгледаат прилично неверојатно и шокантно, реалноста е дека животот е навистина едно големо изненадување и мистерија.

Вистински настани послужиле како инспирација за овие 10 серии на Нетфликс, во кои веруваме дека ќе уживате:

Inventing Anna

Таа е богата германска наследничка, се дружи со кремот на Њујорк и има план да отвори фондација вредна 40 милиони долари.

Живее луксузен живот од соништата, додека нема ниту еден долар на нејзино име. Вистината е дека таа е измамничка која успеала да прелаже многу моќни и богати елитисти… но, како?

Вистинската приказна за Ана Делви (Ана Сорокина) во моментов е една од најгледаните ТВ мини-серии на Нетфликс, во продукција на Шонда Рајмс.

Halston

Приказната за човек кој го користи своето измислено име во светската модна империја, синоним за луксуз, секс, статус и слава, и буквално дефинира една модна ера со неговите дизајни.

https://www.youtube.com/watch?v=yCgdWHwEnrg&ab_channel=Netflix

Unbelievable

Тинејџерка пријавува силување, но подоцна се откажува од својата приказна и сведочење, а многумина мислат дека ја измислила приказната.

Две детективки ги следат докази што би можеле да ја откријат вистината, а таа е шокантна.

The Crown

Животот на кралицата Елизабета Втора од 1940-тите до модерно, денешно време. Серијата започнува со поглед кон раното владеење на кралицата, која се искачува на тронот на 25-годишна возраст по смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести.

Како што минуваат децениите, се откриваат лични интриги, романси и политички ривалства кои одиграле голема улога во настаните што ги обликувале подоцнежните години на 20 век.

Unorthodox

Хасидска Еврејка бега од договорениот брак во Бруклин со цел да започне нов живот во странство, но нејзиното минато ја стигнува.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Омилените ликови од цртаните филмови што ќе ве вратат во детството Од оптимизмот и љубезноста на Мики Маус, до брзото размислување и хуморот на Ушк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg