8 комедии со Кевин Џејмс чии хумористични сцени ќе ве натераат на смеење до солзи

Живееме брз и стресен живот, па неретко секому од нас одвреме-навреме му е потребно да се насмее онака како што би рекле „од душа“, зарем не?!

8-komedii-so-Kevin-Dzejms-chii-humoristichni-sceni-kje-ve-nateraat-na-smeenje-do-solzi 01 630x330.jpg

Филмовите се вистинската алатка за позитивна енергија и добро смеење. 

Кевин Џејмс е роден на 26 април 1965 година и е познат американски актер, комичар и сценарист.

На самите почетоци, уште во 1989 година, Џејмс започнал да се занимава со стенд-ап комедија учествувајќи во разни шоуа, па не е ни чудно што денес тој е еден од најдобрите филмски комичари.

Кевин непрекинато ја шармира публиката со хумористични лудории низ неговите бројни филмови.

Во продолжение за вас издвоивме 10 комични филмови на Кевин Џејмс кои ќе ве насмеат до солзи:

Hitch (2005)

Hitch е американска романтична комедија од 2005 година, со Вил Смит, Ева Мендес и Кевин Џејмс во главните улоги.

Вил Смит е прикажан како Алекс „Хич“, професионален „доктор за состаноци“ кој заработува за живот помагајќи им на мажите да ги освојат своите посакувани жени.

За жал, додека му помага на својот последен клиент да ја придобие жената од соништата, тој дознава дека неговата игра не функционира баш онака како што посакува.

Grilled (2006)

Grilled е американска мрачна комедија од 2006 година, режиранa од Џејсон Енслер, со Реј Романо и Кевин Џејмс во главните улоги.

Морис (Романо) и Дејв (Џејмс) се неспособни продавачи на месо од врата до врата кои треба да направат што поголема продажба за да ги задржат своите работни места.

По неколку неуспешни обиди, тие запознаваат потенцијален клиент кој ги води момците во комплицирана серија настани што кулминираат со средба со мафијашка принцеза и смртоносен мафијаш.

I Now Pronounce You Chuck & Larry (2007)

Блиските пријатели пожарникари, женкарот Чак Левин и вдовецот Лери Валентин, влегуваат во принудно домашно „партнерство“, откако Лери дознава дека не може да ги именува своите деца како корисници на полисата за осигурување.

Тие се принудени да се преселат заедно откако, пензиското одделение ќе започне со истрага за можна измама, а за дополнително да се искомплицираат работите, Чак се вљубува во нивната убава адвокатка - Алекс Мекдона.

Paul Blart: Mall Cop (2009)

Самохран татко и чувар, Пол Бларт, работи во трговскиот центар West Orange Pavillion. Кога неговиот нов приправник Век Симс, ќе излезе дека е водач на организирана банда која зема заложници, вклучувајќи ја и ќерката на Пол во трговскиот центар, на Пол останува да го спаси денот.

Листата продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
Омилените ликови од цртаните филмови што ќе ве вратат во детството Од оптимизмот и љубезноста на Мики Маус, до брзото размислување и хуморот на Ушк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg