10 филмови што редовно ги начекуваме на ТВ и упорно ги гледаме

Да, Мумија е неизоставен дел од овој список на филмови што редовно ги има на ТВ. Овие филмови се реемитуваат по стотици пати и колку и да нè нервираат, оставаме да си течат на екранот, макар и во заднина, додека си работиме нешто сосема друго.

10-filmovi-sto-redovno-gi-nacekuvame-na-TV-01.jpg

Ова веројатно го правиме поради комфорот кој ни го даваат овие филмови. За кои филмски изданија станува збор?

The Mummy

Авантуристот Рик О’Конел и египтологот Евелин, заедно со група археолози ненамерно будат злокобна мумија за време на едно археолошкото ископување во античкиот град Хамунаптра.

Chocolat

Една жена и нејзината ќерка отвораат продавница за чоколадо во конзервативно село во Франција, и покрај неодобрувањето на селаните. Со текот на времето ги освојуваат срцата на луѓето и им помагаат во неволјите.

Underworld

Селина која е вампирски воин се наоѓа среде конфликт помеѓу вампирите и врколаците, додека се вљубува во Мајкл, човек кого врколаците го бараат од непознати причини.

The Da Vinci Code

Симбиологот Роберт Ленгдон патува од Париз до Лондон за да го открие злосторникот на бизарно убиство. Придружуван од криптограф, тој наскоро наидува на религиозна енигма заштитена од едно вековно тајно друштво.

Bruce Almighty

Бесен ТВ репортер бара објаснување од страна на Бог за неправдата што му е направена. Семоќниот му дава моќ да управува со светот на одреден временски период, со цел Брус да ја увиди тежината на задачата.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови на Нетфликс кои ги освоија симпатиите на публиката Нашата омилена филмска платформа Нетфликс нè изненади со одлични филмски оствару...
10 нови серии на кои вреди да им дадете шанса Зарем има подобро чувство од почнувањето на нова серија за која сè уште никој не...
10 нови романтични филмови на Нетфликс кои ќе ви го стопат срцето Можеби се топиме како сладолед на жежок асфалт поради високите летни температури...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg