10 нови серии на кои вреди да им дадете шанса

Зарем има подобро чувство од почнувањето на нова серија за која сè уште никој не слушнал или не е толку популарна? 2022 ни донесе многу нови ТВ серии, а сите кои обожаваат приказна во продолженија, може да им дадат шанса на неколку од следните 10.

10-novi-serii-na-koi-vredi-da-im-dadete-sansa-01.jpg

Нова серија – нова радост, нели?

Conversations with Friends

Летото пред нивната последна година на факултет, Френсис и нејзината најдобра пријателка, Боби, запознаваат импресивна писателка, Мелиса. Френсис е привлечена од сопругот на Мелиса, Ник.

Работена според романот на Сали Руни, авторката на „Нормални луѓе“.

The Time Traveler’s Wife

Хенри е обичен човек со извонредна дарба и ген кој му овозможува неволно да патува низ времето. Клер, неговата сопруга, тешко се справува со неговата способност.

https://www.youtube.com/watch?v=aoYXtKF_g1Y

Gaslit

Модерен поглед на политичкиот скандал Вотергејт од 1970-тите, фокусиран на нераскажани приказни и заборавени ликови од тој временски период, со Џулија Робертс во главната улога.

https://www.youtube.com/watch?v=ZQ-uyTbsWJw

Shining Girls

Соништата на архиварката на весници Кирби да се ставени во мирување откако таа преживува брутален напад што ја остава во реалноста која постојано се менува.

The Pentaverate

Канадски новинар се обидува да ја открие вистината за општеството во кое петорица мажи го контролираат светот од 1347 година.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Елвис“ и уште 5 ремек-дела на генијалниот Баз Лурман кои не смеете да ги пропуштите Баз Лурман (59) е австралиски режисер, сценарист и продуцент, познат по специфич...
10 филмови со одлични (и необични) љубовни приказни што ќе ве загреат за Валентајн Во The Curious Case of Benjamin Button ќе ја видите најнесекојдневната љубовна п...
8 комедии со Кевин Џејмс чии хумористични сцени ќе ве натераат на смеење до солзи Живееме брз и стресен живот, па неретко секому од нас одвреме-навреме му е потре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg