10 култни филмови со заплеткани случаи кои се одвиваат во судница

Многумина од љубителите на седмата уметност се „навлечени“ на овој тип на филмови – заплеткан случај, брилијантен адвокат, судница и зборот „приговор!“ изговорен со тој специјален, драматичен призвук.

0-kultni-filmovi-koi-se-odvivaat-vo-sudnica-01.jpg

Кој може да ја заборави сцената со Џек Николсон и Том Круз во судницата во A Few Good Men? За сите обожаватели на филмовите кои се одвиваат во судница, ова се 10 култни кои не смеете да ги пропуштите:

A Few Good Men

Даниел Кафи, американски воен адвокат, се става во одбрана на двајца американски маринци обвинети за убиство на колега – маринец во поморската база Гвантанамо во Куба.

Primal Fear

Животот на младото олтарско момче Арон Стемплер се менува кога е обвинет за убиство на свештеник. Работите се менуваат кога познатиот адвокат, Мартин Вејл, решава да го преземе неговиот случај.

Runaway Jury

Селест, вдовица, ја тужи компанијата одговорна за производство на оружјето со кое е убиен нејзиниот сопруг. Сепак, поротата очигледно „е на продажба“ и пресудата ќе ја донесе во полза на најдобриот понудувач.

Philadelphia

Млад адвокат од Филаделфија кој има СИДА ја крие својата хомосексуалност од работодавците. Кога ненадејно ќе биде отпуштен, тој најмува хомофобичен адвокат со цел да ја тужи компанијата.

The Trial of the Chicago 7

Приказна работена според вистински настан за 7 луѓе на обвинителната клупа на кои им се суди за различни обвиненија поврзани со востанието на Демократската национална конвенција во 1968 година во Чикаго, Илиноис.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 нови романтични филмови на Нетфликс кои ќе ви го стопат срцето Можеби се топиме како сладолед на жежок асфалт поради високите летни температури...
10 нови филмови на Нетфликс кои ги освоија симпатиите на публиката Нашата омилена филмска платформа Нетфликс нè изненади со одлични филмски оствару...
10 нови серии на кои вреди да им дадете шанса Зарем има подобро чувство од почнувањето на нова серија за која сè уште никој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg