10 најдобри акции од првата половина на 2022 кои треба да ги изгледате

Акцијата како жанр секогаш буди интерес кај гледачите и носи многу пари на киноблагајните. Првата половина од 2022 година е зад нас, а веќе имаме одлични филмски остварувања кои публиката ги дочека со овации.

10-najdobri-akcii-na-2022-koi-treba-da-gi-izgledate-01.jpg

Новиот Бетмен како и новите продолженија на франшизите Марвел и паркот Јура пријатно нè изненадија. Што друго може да изгледате од акциските филмови кои излегоа во првата половина на 2022?

The Batman

Кога градоначалникот на Готам Сити е убиен, Бетмен е повикан да интервенира. Наскоро, неговата истрага го наведува да открие мрежа на корупција, поврзана со неговото мрачно минато.

Everything Everywhere All At Once

Кога интердимензионален прекин ја разоткрива реалноста во која живее, Евелин мора да ги канализира своите новооткриени моќи за да се бори против бизарните и збунувачки опасности од мултиверзумот додека судбината на светот виси на конец.

The Contractor

Отпуштениот наредник од специјалните сили на САД, Џејмс Харпер, ризикува сè за своето семејство кога ќе ѝ се приклучи на приватна организација.

The Northman

Принцот Амлет го губи својот татко кој е брутално убиен од неговиот вујко, кој воедно ја киднапира мајката на момчето. Две децении подоцна, Амлет е викинг кој врши рации во словенските села.

Doctor Strange and the Multiverse of Madness

Доктор Стрејнџ се здружува со мистериозна тинејџерка која ќе ја види во соништа. Таа може да патува низ мултиверзуми, за да се бори со повеќе закани, вклучително и неговите верзии од другите универзуми, кои се закануваат да збришат милиони низ мултиверзумот.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg