10 ремек-дела на турската кинематографија кои излегуваат од рамките на вообичаеното

Широката палета на турски серии и филмови навистина може да задоволи сечиј вкус, а воедно тие се совршено решение за бегство од секојдневието, хоби во слободното време или релаксација по напорниот ден.

10-remek-dela-na-turskata-kinematografija-koi-izleguvaat-od-ramkite-na-voobichaenoto 01 630x330.jpg

Турската кинематографија започна да брилира низ светот во доцните 90-ти, a темелите ги удри модернистичката генерација на млади режисери најчесто категоризирани под името „Ново турско кино“.

Овојпат решивме да скршнеме од патеката на турските „сапуници“ и се обидовме да ги одбереме најдобрите ремек-дела на турската кинематографија.

Во продолжение за вас издвојуваме 10 турски филмови кои излегуваат од рамките на вообичаеното и ќе ги изгледате во еден здив:

Kirimli, 2014

Приказната започнува по Руската револуција во 1917 година, а во центарот е ставен животот на Садик Туран, кримскиот турски херој.

Bi Küçük Eylül Meselesi, 2014

Прекрасна девојка која има сѐ доживува ненадејна сообраќајна несреќа. Кога се буди, сите се убедени дека сѐ е во ред, но таа знае дека не е бидејќи не може да се сети на последниот месец од нејзиниот живот.

Sadece Sen, 2014

Поранешен боксер се вљубува во слепа жена и почнува да гради нов живот, но неговото мрачно минато се враќа и го заплеткува животот на двајцата...

Kis uykusu, 2014

Ајдин, поранешен актер, води мал хотел во централна Анадолија со неговата млада сопруга Нихал и неговата сестра Неџла. Во зима кога паѓа снег хотелот се претвора во засолниште. Оттука приказната почнува.

Mustang, 2015

Во едно село на северот на Турција, Лале и нејзините четири сестри враќајќи се од училиште си играат со некои момчиња. Сепак, нивната игра предизвикува скандал кој има неочекувани последици.

Нивниот семеен дом постепено се претвора во затвор. Петте сестри кои имаат заедничка страст за слобода мора да најдат начин да ги надминат ограничувањата што им се наметнати.

Dag II, 2016

Во пуста воена зона каде одекнуваат криците на невините жртви, на самата линија помеѓу катастрофата и храброста, 7 војници се соочуваат со својата судбина.

Ayla, 2017

Во 1950 година, среде Корејската војна, наредникот Сулејман запознава полузамрзнато девојче, без родители и без помош на повидок. Исплашено и на работ на смртта, ова мало девојче влегува во срцето на Сулејман, кој си го ризикува животот за да ја спаси, шверцувајќи ја во неговата воена база.

Не знаејќи го нејзиното име и не можејќи да комуницира со неа, Сулејман и го дава името Ајла, во спомен на месечината во судбината на ноќта кога се сретнале.

Ahlat Agaci, 2018

Писател се враќа во својот роден град по дипломирањето каде што бара спонзори за да ја објави својата книга, додека се справува со зголемената зависност на неговиот татко кој е коцкар.

Cep Herkülü: Naim Süleymanoglu, 2019

Биографски филм за турскиот кревач на тегови, олимпискиот шампион Наим Сулејманоглу кој ќе ве остави без зборови.

Yedinci Kogustaki Mucize, 2019

Приказната за љубовта помеѓу татко со попреченост во развојот и неговата 6-годишна ќерка. Тој е обвинет за убиство и затворот станува нивно скривалиште. Филм кој сосема ќе ги „разбуди“ вашите емоции.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg