За првпат полничка хероина во Дизни филм: Слатка плус-сајз балерина, наместо фит принцеза
Полничката балерина Бјанка постојано чувствува несигурност кога учителката по танц и вели: „Собран стомак, истегнат врат!“ Краткиот анимиран филм е фокусиран на телесната дисморфија – ментална состојба од која страдаат многу девојчиња, па и жени. Дизни со потег за пофалба, нели?
Дизни сними краток анимиран филм во кој за првпат главна улога има плус-сајз хероина, односно фокусот во филмот „Reflect“ e на слатката, полничка балерина Бјанка.
Бјанка се бори со тоа да ја прифати сопствената рефлексија во огледалото и да го надмине стравот и несигурноста за да дојде до израз нејзината внатрешна сила, грациозност и моќ.
Краткиот анимиран филм ќе биде дел од серијалот експериментални филмови на Дизни, кои се фокусираат сликата за нашите тела и на важноста на развивање на самодоверба.
Бјанка постојано чувствува несигурност кога учителката по танц ѝ вели: „Собран стомак, истегнат врат!“
Фокусот е на телесната дисморфија, ментално нарушување кога личноста минува многу време грижејќи се за маните во својот изглед, кои другите не ги ни забележуваат.
Дел од коментарите за филмот се многу охрабрувачки, а еден од нив гласи:
„На 16-годишната јас ѝ е потребен овој филм, затоа што тогаш се откажав од часовите по балет, затоа што не сакав повеќе да бидам единствената дебела девојка таму. Мило ми е за снимањето на овој филм на Дизни, чиста 10-ка!“
Потег за пофалба, зарем не?
Прочитајте и Што е телесна дисморфија и кои познати личности страдаат од оваа состојба?
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





