Што е телесна дисморфија и кои познати личности страдаат од оваа состојба?

Што е телесна дисморфија - кога се јавува, кои се симптомите и која е разликата помеѓу оваа ментална состојба и „обичната“ опседнатост со сопствениот изглед? Кои познати личности страдаат од оваа состојба?

koga-ogledaloto-ne-vi-e-prijatel-shto-e-telesna-dismorfija-i-koi-poznati-lichnosti-stradaat-od-ovaa-sostojba-01.jpg

Меган Фокс (35) важи за секс-симбол на денешницата, но таа во интервју за британскиот GQ Style призна дека страда од телесна дисморфија и дека не е сигурна за сопствениот изглед.

„Можеби гледаме во некои личности и си мислиме: ‘Таа е мошне убава. Нивниот живот сигурно е лесен’. Неверојатно, но тие луѓе некогаш го немаат истото мислење за себеси“ – вели Меган.

Што е телесна дисморфија?

Станува збор за ментална состојба што се јавува под три различни називи: телесна дисморфија, дисморфичен синдром или дисморфофобија. Луѓето што страдаат од оваа состојба опсесивно се преокупирани со мислите дека со нивниот изглед нешто сериозно не е во ред и најчесто ги преземаат сите можни мерки за да го прикријат или да го поправат тој недостаток.

koga-ogledaloto-ne-vi-e-prijatel-shto-e-telesna-dismorfija-i-koi-poznati-lichnosti-stradaat-od-ovaa-sostojba-02.jpg

Со други зборови, на овие луѓе, огледалото не им е пријател, па најчесто се опседнуваат со сопствените маани и несовршености (големината на носот, големината на стапалата, изгледот на веѓите, обликот на устата... ).

Телесната дисморфија или дисморфофобија била откриена уште во 1886-тата кога италијанскиот лекар Енрико Морисели за првпат известил за нарушување од овој вид и го сковал неговото име.

koga-ogledaloto-ne-vi-e-prijatel-shto-e-telesna-dismorfija-i-koi-poznati-lichnosti-stradaat-od-ovaa-sostojba-03.jpg

Состојбата спаѓа во опсесивно-компулсивниот спектар на пореметувања и подеднакво ги погодува и мажите и жените. Првите симптоми најчесто се јавуваат во периодот на адолесценцијата, а за мажите е карактеристично тоа што се опседнуваат со т.н. мускулна дисморфофобија, односно, главно се сконцентрирани на нивното „неразвиено“ тело.

koga-ogledaloto-ne-vi-e-prijatel-shto-e-telesna-dismorfija-i-koi-poznati-lichnosti-stradaat-od-ovaa-sostojba-05.jpg

Овие луѓе постојано го проверуваат сопствениот „недостаток“, се споредуваат со другите луѓе и бараат начин за да го сокријат таквиот „недостаток“, па често може да се случи и да бараат постојана потврда од блиските дека навистина немаат таков недостаток.

Речиси сите ние сме имале некој период во животот кога не сме биле задоволни со некој аспект од нашиот изглед, но кај луѓето што страдаат од ваква состојба таквите незадоволства се трајни и влијаат на нивното секојдневно функционирање.

Без разлика на тоа колку и да ги уверувате ваквите луѓе дека се убави и дека ништо не им недостасува, тие сепак ќе останат убедени дека се неприфатливо грди и дефектни.

На следната страна погледнете кои познати личности страдаат од оваа состојба...



Би можело да ве интересира:

Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg