5 симптоми за рак на дебелото црево што најчесто се игнорираат

Необјаснивото слабеење, заедно со ректалното крвавење, можат да бидат знак за рак на дебелото црево. Но, проблемот е што овие симптоми луѓето обично ги припишуваат на нешто друго и не одат на лекар.

pet-simptomi-za-rak-na-debeloto-crevo-shto-najchesto-se-ignoriraat-01.jpg

Луѓето обично се срамат да разговараат за навиките за одење во тоалет со нивните лекари. Токму поради ова, некогаш се случува да занемарат некој симптом кој може да укажува на некаков проблем.

Ракот на дебелото црево е третиот најчест вид рак на глобално ниво. Иако е почест кај постари лица, болеста сепак е забележана и кај помлади.

Но, бидејќи ова е рак што се развива многу бавно, со рана детекција, шансите за успешно лекување се многу големи.

Исто така, бидејќи ракот обично се развива од бенигни полипи, неговата појава може да биде целосно спречена ако полипите се отстранат навреме.

Токму поради ова, важно е да бидете свесни за симптомите кои можат да бидат знак за рак на дебелото црево.

Иако не мора секогаш да се сигурен знак за болеста, најдобро е да не ги игнорирате и да се консултирате со лекар штом ги забележите.

Кои се петте најчести симптоми на рак на дебелото црево?

Необјасниво слабеење

Ако ослабите без да направите промена во начинот на исхрана или физичката активност, важно е да се консултирате со лекар.

Неретко луѓето мислат и дека ослабеле поради стрес, па го игнорираат симптомот сè додека не стане премногу воочлив.

Но, необјаснивото слабеење може да биде знак за рак на дебелото црево.

Ракот значително го забрзува метаболизмот, па обично ова предизвикува слабеење.

Исто така, наглото необјасниво слабеење неретко е и првиот симптом што се појавува.

pet-simptomi-za-rak-na-debeloto-crevo-shto-najchesto-se-ignoriraat-02.JPG

Столица со многу темна боја

Многу темната столица не секогаш е поради храната што сте ја јаделе. Некогаш може да биде и поради крвавење.

Притоа, столицата не мора да биде потполно црна за да биде знак за некаков проблем – дури и боја што е многу потемна од вообичаено не треба да се игнорира.

Ако често го забележувате овој симптом, без разлика што јадете, одете на лекар.

Ректално крвавење

Доста често луѓето мислат дека ректално крвавење е предизвикано од хемороиди. И, во голем број случаи се во право.

Сепак, иако хемороидите се чета појава, добро би било да одите на лекар ако крвавењето трае повеќе од една до две недели.

Одете на лекар и ако крвавењето е придружено со крвава столица, замор или анемија.

pet-simptomi-za-rak-na-debeloto-crevo-shto-najchesto-se-ignoriraat-03.JPG

Гастроинтестинални промени

Констипацијата и дијарејата се симптоми што може да се појават од разни причини. Но, ако се појавуваат често, тогаш добро би било да се проверите.

Ракот на дебелото црево може да има влијание врз тоа како ќе се празни, па ова да доведе до констипација или дијареја.

Исто така може да се јават и симптоми како постојана подуеност и болка.

Ако забележувате гастроинтестинални промени кои траат подолго од четири до шест недели, побарајте совет од лекар.

Симптоми кои се појавиле одеднаш

Кога е во прашање рак на дебелото црево, не се важни само симптомите, туку и тајмингот.

Ако одеднаш се појават неколку симптоми, постои шансата тоа да е рак, а не некој друг здравствен проблем, како лоша храна.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...

Најчитани неделава